• Latest
Фото: Генералштаб на вооружените сили на Украина

Украинските сили спроведуваат контраофанзивни операции во најмалку три сектори и напредуваат на правците Бахмут, Запорижја и Донецк

June 20, 2023

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украинските сили спроведуваат контраофанзивни операции во најмалку три сектори и напредуваат на правците Бахмут, Запорижја и Донецк

June 20, 2023 12:47
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Фото: Генералштаб на вооружените сили на Украина

Фото: Генералштаб на вооружените сили на Украина

Share on FacebookShare on Twitter

Украинските сили спроведуваат контраофанзивни операции во најмалку три сектори од линијата на фронтот и постигнаа дополнителни придобивки, се вели во извештајот на Институтот за изучување на војната (ISW) за 19 јуни.

Руски блогер објави дека украинските трупи продолжиле со нападите северозападно, североисточно и југозападно од Бахмут на 19 јуни и тврди дека украинските сили напредувале во близина на Краснополивка (околу 12 километри североисточно од Бахмут).

Украинскиот заменик-министер за одбрана Хана Маљар дополнително објави дека во текот на изминатата недела, украинските трупи во насока Тавриск (Запорижја) напреднале до седум километри и ослободиле 113 квадратни километри територија, вклучително и осум населени места во западниот Доњецк и западната област Запорожје.

Руските милблогери тврдеа дека украинските трупи нападнале јужно од Велика Новосилка во западната Доњецка област. Геолокацирани снимки објавени на 19 јуни потврдуваат дека украинските трупи го ослободиле Пјатихатки, околу 25 километри југозападно од Орихив во западната област Запорижја. Милблогерите, исто така, објавија за борби јужно и југозападно од Орихив во текот на денот на 19 јуни.

Министерството за одбрана на Обединетото Кралство (МО) на 19 јуни оцени дека Русија најверојатно распоредила големи делови од групата сили Днепро од источниот (левиот) брег на Херсонската област до насоките Запорижја и Бахмут за да одговори на украинските контраофанзивни дејства во изминатите 10 дена.

„Вооружените сили на Украина продолжуваат да вршат и офанзивни и одбранбени операции. Во областите каде што ја држиме одбраната, ниту една позиција не е изгубена“, рече Андриј Ковалиов, портпарол на Генералштабот на вооружените сили на Украина на телетонот United News, јавува дописникот на Укринформ.

Тој истакна дека офанзивните операции продолжуваат во правците Мелитопол и Бердијанск. Во текот на изминатиот ден, украинската војска имаше делумен успех во насоките Новодаривка, Прјутне, Макаривка, Ривнопил, Новоданиливка и Роботин. Тие се стекнуваат со упориште на постигнатите граници.

Во меѓувреме, според Ковалиов, непријателот ги фокусира своите главни напори на задржување на одбраната и спречување на напредувањето на украинските трупи, користење резерви и обиди за враќање на загубените позиции.

Според портпаролот на Генералштабот, украинските војници продолжуваат да го ограничуваат напредувањето на руските трупи во правците Бахмут, Купјанск и Лиман. Особено тешки борби продолжуваат во правец Лиман, во областа Јамполивка, Торске, Хрихоривка, населбите Спирне, западно од Диброва, регионот Доњецк. Одбранбените сили храбро ја држат одбраната и му нанесуваат значителни загуби на непријателот во однос на жива сила и опрема, рече Ковалиов.

Жестоките борби на истокот на Украина продолжуваат, во изминатите 24 часа се случиле 45 борбени ангажмани.

Д. Мишев

Tags: БахмутДонецкЗапорижјаруска агресија врз Украинаукраинска контраофанзива
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ