• Latest

Дерала: Невидливите ѕидови на поделбите мора да ги урнеме прво кај нас самите, во нашите глави

June 6, 2023

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Дерала: Невидливите ѕидови на поделбите мора да ги урнеме прво кај нас самите, во нашите глави

June 6, 2023 15:40
in ИЗЈАВИ, МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Би сакал да споделам неколку кратки импресии од тоа што го слушнав од господинот Таравари, а тоа е дека, иако сум склон кон критичко восприемање на пораките од политичарите, практично и немав што да ставам на критичкиот тас на вагата од тоа што го слушнав од др. Травари, поради тоа што Гостивар го гледам и го следам од многу одамна. Од оној немил и тежок настан за гостиварчанки и гостиварчани, до денешен ден. Нормално, има многу предизвици, но се согласувам со тоа дека Гостивар може да служи како модел за целата земја, изјави претседателот на ЦИВИЛ,  Џабир Дерала на  јавниот  настан „Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците: Предизвици и решенија“ што се одржа во Гостивар, во организација на ЦИВИЛ, со поддршка од градоначалникот д-р. Арбен Таравари.   

„Ќе споменам еден мал детаљ, а тоа  се градинките „Мозаик“, што ги спомна др. Таравари, а тоа е дека тука функционираат. Тоа е еден фантастичен метод децата да растат од најмали нозе, да се учат на различностите, да ги препознаат, да ги прифатат, па дури и да ги запознаат различните од себе. Имаше такви и во Скопје, во главниот град на нашата земја. Мислам дека во моментов има една, или две активни, а имаше многу.  Имаше повеќе од кај вас, бидејќи нели има многу повеќе жители самиот главен град. Тоа е веќе една драстична разлика на ниво на една држава која е многу мала.

Тоа што на ЦИВИЛ му е апсолутно важно, како организација, во која, навистина членуваат, работат активно, и се раководителки и раководители со години, е самиот многу различен, баш како Гостивар. И тука имаме една ситуација, во која кога сакаме нешто лесно да направиме, му се јавуваме на др. Таравари. Кога сакаме да изработиме некој настан или активност, тоа е токму овде, во Гостивар. И гледајќи го Гостивар, можеме да извлечеме неколку препораки, како за владата, за граѓанските организации и за медиумите. И исто така, дури, во некој а перспектива, и за меѓународната заедница.“, посочи Дерала.

Дерала се осврна на своето патување во Мостар, БиХ, и посочи за гигантските невидливи ѕидови помеѓу луѓето, создадени по војната во Босна.

„Пред неколку часа се вратив од Мостар, каде што ѕидовите, да беа направени од тешки мермерни плочи, ќе беа помеки и по попустливи , од невидливите ѕидови што триесет години по жестокиот крвав конфликт во Босна и Хецеговина се случи таму. Таму, ѕидовите се невидливи, и дотолку повеќе се по непробојни. Ѕид од камен можете да бомбардирате, 50 дена, па дури и Константинопол беше освоен, иако беше неосвоив 24 пати, со илјада години пред тоа… Меѓутоа, овие ѕидови, не се рушат толку лесно, бидејќи се невидливи, и бидејќи се влезени во срцата на луѓето. Мојата прва препорака, во име на организацијата, е всушност, сите тие ѕидови, треба да ги урнеме прво кај нас самите, и во нашите глави“, порача Дерала.

 

Д. Тахири

Камера: Дехран Муратов

Монтажа: Ариан Мехмети

Фотографија: Горан Наумовски

Tags: Гостиварграѓански дијалозиЏабир Дерала
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ