• Latest

Дежурни виновници за сè

June 26, 2018

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Дежурни виновници за сè

June 26, 2018 10:06
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

По една недела од потпишување на договорот со Грција, гледам, читам, слушам навреди, пцовки, повици за линч, гнасотилоци…, особено на социјалните мрежи и на протестите за зачувување на името. 

Пишува: Дехран Муратов

Дебатата „за“ и „против“ е сведена на лични квалификации и навреди, без вистински аргументи и конструктивни докази.

Дежурни виновници по дифолт се „Албанците“ (Шиптари) и „Ромите“ (Цигани), особено откако Амди Бајрам даде целосна поддршка на договорот. Навредите и понижувањата немаа(т) крај… „Имебраните“ не се штедеа во искажување на сето труло што го имаат во нивниот однос кон другите и кон тоа што за нив претставува Македонецот. „Македонија на Македонците“. Амин!

„Како се вика Циган во Македонија? Северџан!“, гласи еден твит.

Дури се и чудни и нејасни пофалбите и изјавите на власта дека и помалите етнички заедници даваат целосна поддршка на договорот. Се чини дека помалите етнички заедници се доживуваат како да се втора група на граѓани, па немаат екслузивитет да одлучуваат за договорот, како да се кираџии во сопствената држава.

Некој ги набројал со име и презиме сите пратеници кои гласаа за ратификација на договорот, нагласувајќи ги „предавниците“ кои имаат поразлични презимиња од тие кои завршуваат на „ски“. Демек ете кој ја крои судбината на Македонците, коментарите не би ги спомнал, затоа што тое е на некој начин гнасна поезија составена од гнасотилаци.

Секој има право на протест и искажување на спротивни ставови. Ако некој повикува на „Чиста Македонија“, тогаш нека не очекува од останатите етнички заедници дека ќе ги поддржат таквите протести, иако има и граѓан(к)и кои не се Македонци и не го подржуваат договорот, но со навредите кон нивната етничка заедница брзо (ќе) се смени нивниот став.

Виновници и предавници се и новинарите кои не застануваат во одбрана на името. Од навивачката група „Комити“ истакнуваат: „Во последено време, одредени рекетарски новинари и медиуми се обидуваат да не оцрнат, но очигледно не сфатиле ниедна од нашите пораки. Ако вашиот мизерен живот е ставен во служба на политичките елити и немате сопствено јас, ние не сме ви криви, сеедно ви е и по вас ќе дојдеме“.

Ниту еден закон или договор не се промени со националистички протести и медиумски содржини поткрепени со говор на омраза, напротив. Затоа следните протести и дебати би било добро да се сведени на докази и аргументи за некои/а граган(к)и да може да изградат сопствен став.

Дотогаш ќе се труеме со омраза кој е предавник а кој е патриот, и ќе учиме како се сака државата од фудбалските натпревари, на пример, кога јапонските навивачи си го собираа(т) сметот од трибините, како навивачите на Панама се радуваа на постигнат гол, иако нивната репрезентација изгуби 6:1…

Tags: Албанциговор на омразаДоговориметоМакедонцинационализамПротестиРоми
Share54TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ