Во пресрет и за време на Самитот, руската пропаганда го нападна информативниот простор со фалсификати и манипулации за да ја поткопа довербата меѓу партнерите. ЦИВИЛ медиа ги пренесува наодите на Центарот за стратешки комуникации и информациска безбедност кој ги собра петте главни фалсификати што ги ширеше Русија за Самитот и Украина.
Лажнo: Украина не доби покана за НАТО на самитот во Вилнус поради „неуспешна контраофанзива“.
Руските телеграмски канали активно пишуваат за „неуспехот“ на украинската контраофанзива и објаснуваат дека токму поради недостигот на воени победи од висок профил во пресрет на Самитот на НАТО во Вилнус, Украина не добила покана за Алијансата.
Факт: Учесниците на Самитот не дадоа никакви коментари за резултатите од операцијата на одбранбените сили на Украина на југ, а претходно генералниот секретар на НАТО позитивно ги оцени акциите на вооружените сили на Украина. Вилнус донесе одлука за пристапување на Украина во НАТО во иднина по поедноставена процедура, без Акционен план за членство и создавање на Совет НАТО-Украина.
М. Д.