Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Давос на 48-ми Светски економски форум, оствари средба со еврокомесарот Јоханес Хан. Фокусот на средбата бил насочен кон Стратегијата за проширување на ЕУ. Дополнително, било дискутирано и за чекорите кои се неопходни за исполнување на критериумите за интегрирање на Република Македонија во Унијата, како и за заедничката европска иднина на сите земји од регионот.
Со Бојко Борисов, премиерот на Бугарија, и со Тони Блер, поранешниот британски премиер, Димитров разговарал за европската иднина на Македонија, како и за конкретните мерки во насока на подобрување на патната и железничката инфраструктура по Коридорот 8.
Учеството на Форумот во Давос, Министерот Димитров ќе го комплетира со средба со потсекретарот за политички прашања на Обединетите Нации, Џефри Фелтман.
Б.Ј.