• Latest

Димитров: По договорот со Грција очекуваме почеток на преговорите со ЕУ и покана за НАТО

June 14, 2018
Министерство за надворешни работи на Босна и Херцеговина (фото извор: МНР на БиХ)

ЕСКАЛАЦИЈА: БиХ ги залади дипломатските односи со Србија по глорификацијата и погребот на Ратко Младиќ

September 8, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Кој ќе чека уште 25 години за демократија?

September 8, 2026

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026
Бленди Ходаи (фото извор: ФБ профил на авторот)

„Дали ти изгледам како идиот?“

September 8, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Кога немате леб, јадете колач

September 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вирусологија

September 8, 2026
„Украина и иднината на Европа“, Лондон, 7 септември 2026

Повеќе од 200 учесници на „Украина и иднината на Европа“ во Лондон – парламентарци, медиуми и граѓанско општество во заедничка дебата

September 7, 2026
Путин - Виткоф, 5 септември 2026

Од срамно додворување на Путин до преговори со Зеленски: Виткоф ништо не постигна и по осмата посета на Москва

September 7, 2026
Томас Шулце, БСВ

По изборите во Саксонија-Анхалт: АФД убедливо победи, ЦДУ пред тешки дилеми, БСВ и Левицата клучни за формирањето на власта

September 7, 2026

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Димитров: По договорот со Грција очекуваме почеток на преговорите со ЕУ и покана за НАТО

June 14, 2018 11:51
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Многу е важно Македонија да добие политичка одлука од Европскиот совет кон крајот на јуни за почеток на преговори и за членство во НАТО бидејќи само така компромисот што го постигнавме ќе биде вин-вин за двете страни, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров на прес-конференцијата со неговиот германски колега Хајко Мас.

– Многу е важно, покрај нашето пријателство со Грција, да ги започнеме преговорите со ЕУ и да се зачлениме во НАТО, многу е важно и благодарен сум за поддршката од Германија, Македонија да добие политичка одлука од Европскиот совет кон крајот на јуни за почеток на преговори и за членство во НАТО бидејќи само така компромисот што го постигнавме ќе биде вин-вин за двете страни. Мислам дека немаме луксуз да не ги користиме шансите кога се созџдадени за решевање на проблемот, рече министерот Димитров.

Димитров и се заблагодари на Германија за поддршката што и ја дава на Македонија, земја во која, како што кажа, гледаме еден столб на Европа базирана на принципи, на свет каде што владее меѓународното право и правила.

– Македонија живее историски недели и месеци. На добар пат сме да затвориме еден спор кој што беше како камен и го отежнуваше прогресот и не заклучи во чекалната каде што поминавме доста многу години, рече шефот на македонската дипломатија.

Посети дека Македонија е кандидат за членство во Унијата од 2005 година и оти оваа година добивме деветта препорака од Европската комија. Ова, кажа Димитров, создаде доста кризи.

– Македонија денеска се бори за истата Европа која вие ја живеет. Сакаме да немаме спорови со соседите, да имаме одговорни политичари, слободни медиуми…. Ние сме генерација што мора да ја заврши работата, не други сили, да го затвори македонското прашање, да нема веќе прашалници кои сме, да нема прашалници зошто зборуваме на македонски јазик и да ја отвориме перспективата за следните генерации, рече министерот.

Ова, рече, го правиме без никакви домашни политички калкулации, мислејќи каква Македонија сакаме.

– Имаме историска шанса да го затвориме ова прашање во време кога нема многу шанси за успех не само во Европа и во светот. Мислам дека за сите ќе биде добро ова прашање да се затвори, за Балканот, за Европа, за светот…, рече Димитров.

Шефот на македонската дипломатија, кој по посетата на Берлин се враќа во Скопје на владина седница на која ќе се разгледува договорот со Грција за спорот со името, потенцира дека по затворање на ова прашање Македонија нема да има отворено прашање со ниту еден сосед.

Димитров потенцираше дека одговорност на Владата е да создаде шанса и да им понуди на граѓаните да се изјаснат за договорот на референдум на есен.

– Мислам дека најодговорно и за Владата, која е спремна да се соочи со својата политичка одговорност создавајќи ја шансата граѓаните да се изјаснат. Парламентот и претседателот на државата не смеат да ја заменат волјата на граѓаните, рече Димитров.

(МИА)

Tags: ГрцијаДоговорЕУМинистерство за надворешни работиНАТОНикола Димитров
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ