• Latest

Димитров: Разговорите за името продолжуваат по празниците

December 18, 2017

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров: Разговорите за името продолжуваат по празниците

December 18, 2017 13:48
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Разговорите за прашањето за името ќе продолжат во периодот по празниците, вели шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.
„По подолга пауза од три години имавме прва средба на преговарачите со медијаторот Нимиц. Договорена е следната да биде по празниците во јануари така што не би требало да се очекува некакво посебно случување во периодот на празниците. Поставена е сцената, процесот е отпочнат, динамиката е воспоставена, меѓутоа нема ништо поново да се случи додека траат празниците“, рече Димиторв на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со неговиот унгарски колега Петер Сијарто кој се наоѓа во посета на Македонија.

Запрашан дали смета дека изјавата на бугарската потпретседателка Илијана Јотова дека е во духот на добрососедството за тоа дека 70.000 Македонци кои добиле бугарски пасоши се Бугари, Димитров вели дека го нема видено нејзиниот коментар, а како одговор ја посочи потребата од што поскора интеграција во ЕУ.

„Вистинското решение како да се справиме со тоа што наши државјани аплицираат за пасоши на други земји, на земји членки е да ја зголемиме атрактивноста на македонскиот пасош. Вистински долгорочно решение како да се соочиме со овој предизвик е пасошот на РМ да стане пасош на земја членка на ЕУ. И затоа е многу важно да направиме се што можеме да ја искористиме шансата што се црта полека за 2018 година“, рече министерот Димитров.

Унгарскиот министер за надворешни работи Сијарто  на прашање за односот кон НВО на Џорџ Сорос во Унгарија, рече дека тој произлегува од фактот што имаат две дијаметрално спротивни мислења за нелегалната миграција спород кои Сорос ја поддржува миграцијата, додека Владата сака безбедност. Во таа насока нагласи донесена е регулатива која го уредува странското финансирање на НВО-секторот.

„Има повеќе од илјада невладини организации кои работат непречено. Неодамна донесовме регулатива, која се однесува на странско финансирање на невладини организации и се определува лимит на финансирањето кое што невладината организација мора да го пријави како надворешно финансирање на сопствената интернет страница. Луѓето сакаат да знаат од каде ги добиваат парите тие невладини организации особено кога станува збор за НВО и политички партии кои сакаат да влијаат врз креирањето на јавното мислење“, рече министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто.

Tags: ГрцијаДимитровимеМакедонијаПреговори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ