• Latest
Креирано со помош на ВИ

Доминација на руската пропаганда: Како се третираат изјавите на Путин во голем дел од македонските медиуми

February 23, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ПРОПАГАНДА

Доминација на руската пропаганда: Како се третираат изјавите на Путин во голем дел од македонските медиуми

February 23, 2026 13:34
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, МЕДИУМИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Креирано со помош на ВИ

Креирано со помош на ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

На само еден ден пред 24 февруари, денот кога се одбележуваат 4 години од руската неиспровоцирана агресија врз Украина, за дел од македонските медиуми беше од круцијална важност да ја споделат изјавата на претседателот на државата агресор, рускиот диктатор Владимир Путин, кој во видео обраќање синоќа им го честиташе на Русите Денот на „бранителите на татковината“ кој се одбележува на 23 февруари.

Перјаница на пренесувањето на путиновата изјава не е никој друг, туку токму државната информативна агенција МИА, која со наслов – Путин: Русија ќе продолжи да го зголемува потенцијалот и борбената подготвеност на вооружените сили и поднаслов – Русија ќе продолжи да го зголемува потенцијалот и борбената подготвеност на сите родови и служби на своите вооружени сили, изјави рускиот претседател Владимир Путин, го трасира патот на уште еден пробив на руслата пропаганда во македонскиот медиумски простор.

Потоа неколку други медиуми, меѓу кои и мационални телевизии  ја преземат и пласираат изјава со исти –  Путин: Русија ќе продолжи да го зголемува потенцијалот и борбената подготвеност на вооружените сили, или слични наслови – Путин: Развојот на нуклеарните сили сега е наш апсолутен приоритет, додека некои и со потенцирани сензационалистички наслови како: МОЌНА ПОРАКА ОД КРЕМЉ: „ЌЕ ДЕЈСТВУВАМЕ И ВО НАЈТЕШКИ УСЛОВИ“ – ШТО СЕ ПОДГОТВУВА? и  НУКЛЕАРНОТО ОРУЖЈЕ, „АПСОЛУТЕН ПРИОРИТЕТ“ ЗА ПУТИН Најави зголемување на борбениот потенцијал на Русија, со цел дополнително да и дадат на тежина на изјавата рускиот диктатор.

Настрана фактот што сите досегашни изјави на Путин на крајот излезе дека се невистинити,и само пуста желба на рускиот претседател и за ограничена локална употреба, како таа дека Кијив ќе биде освоен за 3 дена, додека војната е во својата 4 година, и не само што не е освоен главниот град на Украина, туку и „втората“ армија на светот не може да оствари значителни успеси ниту на другите линии на фронтот, истовремено соочувајќи се со енормни загуби во луѓе и техника.

Сепак, за дел од македонските медиуми, изјавите на Путин се како божја заповед, и истите се некритички пренесувани на страните на овие медиуми. Така, се пренесува дека „Русија ќе продолжи да го зголемува потенцијалот и борбената подготвеност на сите родови и служби на своите вооружени сили„, иако на терен се соочува со огромни губитоци кои се чини дека не може да ги пополни од домашни извори, па користи муниција и дронови од Северна Кореја и Иран, и севернокорејски и војници од Африка.

Се нагласува и изјавата на Путин дека Русија ќе продолжи да ја зајакнува својата војска и морнарица, истата онаа морнарица која загуби значаен дел од своите поморски сили, меѓу кои и , и беше приморана да ја повлече својата флота на сигурна далечина, стравувајќи од нападите на земјата која всушност и нема морнарица, и секако, не ги заборавија и омилените закани со нуклеарно оружје.

За жал, и по 4 години од почетокот на руската агресија, со некритичкото пренесување на изјавите на Путин и други високи руски функционери, во дел од македонските медиуми не престануваат да се шират руските пропагандни наративи.

По повод точно четирите години од почетокот на целосната воена агресија на Русија врз Украина, и како дел од борбата со руските дезинформации, манипулации и малигна пропаганда, ЦИВИЛ – Центар за слобода организира меѓународен онлајн настан со наслов „Четири години агресија: Отпорот на Украина и одговорноста на светот“.

Конференцијата, која ќе се одржи онлајн, утре, на 24 февруари 2026 година во 17:00 часот, ќе обедини аналитичари, новинари, дипломати, креатори на политики и претставници на граѓанското општество од Европа и пошироко. Наместо формално одбележување, настанот е замислен како момент на јасност, одговорност и заедничко преиспитување.

Драган Мишев

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ