Во галеријата „Остен“ денеска се отвори изложбата на карикатури кои учествуваа на меѓународниот конкурс за дигитална карикатура на тема „Демократија“. Изложбата е дел од проектот „Доза сатира за здрава демократија“ во чиј состав, изминативе шест месеци, се одржаа неколу инфо-работилници во Битола, Тетово, Штип и Скопје.
На изложбата ќе бидат изложени карикатури на истакнати карикатуристи од странство, кои на духовит начин ја отсликуваат демократската реалност во која живееме.
„Ова е ретка можност за сите љубители на карикатурата и на сатиричниот цртеж, како и за оние на кои овој медиум на изразување им е непознат, да бидат дел од несекојдневен настан кој ќе ги разбранува или потврди нивните сфаќања за поимот демократија“, велат од галеријата „Остен“.