Конференцијата за друштвен активизам ENGAGE, годинава ќе се одржи по петти пат во организација на Младинскиот образовен форум и Радио МОФ.
Годинава, конференцијата ќе биде одржана во неколку денови, во различни месеци.
Првиот настан е закажан на 23 април (сабота) со почеток во 12:00 часот, во „Кино Култура“ во Скопје. Домашни и странски активисти, креатори на онлајн и граѓански иницијативи, дизајнери и ИТ-експерти ќе споделат знаења и искуства на теми поврзани со граѓанска ангажираност, активизам на јавен простор, слобода на говор, човекови права, проток на информации, како и за можностите за граѓанска мобилизација преку интернет.
Како говорници на ова издание на ENGAGE доаѓаат:
Valerio Muscella, фотограф, репортер, активист (www.valeriomuscella.com), Италија
Peter Vanhoutte, поранешен член на белгискиот прламент, писател (twitter.com/peter_vanhoutte) , Белгија
Irem Somer, политиколог, активист за човекови права, Турција
Милан Диневски и Дамјан Кокалевски, архитекти, основачи на City Creative Network (http://www.citycreative.net), Македонија
„Ретвитни оброк“, граѓанска самоодржлива иницијатива за хумани цели
Тамара Димитрова, член на работниот тим на Истражувачкиот центар за компјутерски науки и информациски технологии (csit.manu.edu.mk)
Христена Антовска Јованчева од граѓанската иницијатива „Го сакам Аеродром“ и Ленче Даниловска и Невена Георгиевска од граѓанската иницијатива “К4”.
Настанот ќе заврши со проекција на филмот “4Stelle Hotel” – документарен филм на Paolo Palermo и Valerio Muscella.
ЕNGAGE the Night ќе започне во 21:30 часот, со концерт на RIB и диџејски сет на Бодан Јамакоски.
Присуството на првата ENGAGE конференција за оваа година се потврдува на: [email protected].