• Latest

Ерика Гевара Росас, Амнести Интернешнл: Наместо да спроведуваат репресии врз населението, кубанските власти имаат обврска да го штитат правото на мирни протести

July 14, 2021

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Спортот не е платформа за пропаганда на убиства

May 27, 2026

Уставните измени, „бугарското прашање“ и европскиот пат: Како да се води рационална дебата без страв и манипулации

May 27, 2026
Илустрација: ВИ

РЕАКЦИИ: Од повици за компромис до обвинувања за „бугарска уцена“ – граѓаните поделени за ставовите на Мицкоски и Филипче околу Бугарија

May 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Ерика Гевара Росас, Амнести Интернешнл: Наместо да спроведуваат репресии врз населението, кубанските власти имаат обврска да го штитат правото на мирни протести

July 14, 2021 00:32
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Во одговор на полициската репресија против мирните демонстранти во Куба на 11 јули, директорката на Амнести Интернешнл за Северна и Јужна Америка, Ерика Гевара Росас, изјави:

„На историски ден за Куба, илјадници луѓе излегоа на улиците да демонстрираат мирно во повеќе делови на земјата, користејќи ги своите права на слобода на изразување и мирно собирање. Неприфатливо е кубанската влада да ги негира овие права со децении и да го прави тоа и денес.“

Гевара Росас ја извести светската јавност дека Амнести добиле извештаи од теренот за низа репресивни мерки на кубанските власти.

„За време на вчерашните спонтани демонстрации, кои се раширија низ различни области на земјата, Амнести Интернешнл прими алармантни извештаи за блокирање на интернетот, арбитрарни апсења, прекумерна употреба на сила – вклучително и полициско пукање врз демонстрантите – и извештаи дека има долг список на исчезнати лица.”

Понатаму, Гевара Росас го осуди инфламаторниот речник на кубанскиот претседател Мигел Диаз-Канел и повика на почитување на правото на мирен протест.

„Наместо да спроведуваат репресии врз населението, кубанските власти имаат обврска да го штитат правото на мирни протести. Воспалителната реторика на претседателот Мигел Диаз-Канел за „војна“ и конфронтација, создава атмосфера на насилство против оние кои бараат одговорност и слободно уживање на своите човекови права.“

Исто така, Ерика Гевара Росас пораба од кубанските власти да ги решат социјалните проблеми и барањата за човекови права и слободи.

„Владата на Дијаз-Канел мора да ги реши социјалните барања на своите граѓани, имајќи ги предвид економската криза, недостигот на храна и лекови, колапсот на здравствениот систем – кој не одговара на сегашната криза КОВИД-19 – и акумулацијата на историските барања за почитување на правата и на слободата на изразување и мирно собирање“.

Масовните протести во Куба, според Амнести Интернешнл, претставуваат очајнички крик до владата која не го слуша гласот на своите граѓанки и граѓани.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ