• Latest

Евроинтеграцискиот пат во потрага по единство, одговорност и реформи

July 1, 2018

Аферата Алта банка: Парите, политиката и мрежата на моќ од Белград до Скопје и пошироко

October 31, 2026

Кога ќе се совпаднат изборите во Брвеница и цената на студентскиот оброк

October 31, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Евроинтеграцискиот пат во потрага по единство, одговорност и реформи

July 1, 2018 09:41
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Пораки за единство и одговорност за евроинтеграциите на Македонија, за кои според Брисел, веќе е јасен патот, апели од власта за придонес и поддршка од сите политички чинители, обвинувања од опозицијата дека договорот за името е капитулантски чин, ja отсликуваaт атмосферата по неодамнешната одлука на Европската унија за датум за почнување преговори за членство на Македонија.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи вчера побара од претседателот Ѓорге Иванов да биде конструктивен и да се вклучи во процесот за европска иднина на Македонија и ја повика опозицијата, како што рече, да каже на која страна е во овие историски моменти.

– Стратешка определба и на опозициските партии е членството во НАТО и во ЕУ. Консензуална волја на граѓаните вклучувајќи го и електоратот на опозицијата е членство во ЕУ и во НАТО и оттука е време опозицијата да ги разреши сите дилеми кои што ги има во однос на ориентацијата и јавно да ја комуницира јавноста. Ние сме отворени за јавноста и заеднички политики кога се однесува на овие стратешки определби на граѓаните, рече Османи, изразувајќи оптимизам  референдумот и уставните измени да завршат до крајот на годината.

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, му одговори дека ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од ЕУ и НАТО и го поддржува евроатлантскиот пат на Република Македонија, но оти не може да се очекува да „застанат рано до ранмо“ за според опозициската партија, капитулантскиот договор за името со Грција.

– Ќе го повторам нашиот став дека опозицијата цврсто чекори кон патот на евроатлантските интеграции на Република Македонија, но доколку некој очекува од опозицијата да застане рамо до рамо со овие кои што ја потпишаа оваа капитулација, тогаш во најмала рака е премногу претенциозно да се очекува такво нешто од страна на опозицијата,  изјави Мицкоски.

Истовремено во заедничка изјава високата европска претставничка Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан порачаа дека изминатава недела членките на ЕУ го потврдиле достигнувањето со договорот меѓу Скопје и Атина и оти е поставен јасен пат кон отворање пристапни преговори во јуни следната година.

Хан и Могерини порачаа дека сите политички сили  треба да ја делат одговорноста за одржување конструктивен дијалог и продолжување на аспирациите на граѓаните, особено преку реформи во владеењето на правото, безбедносните служби, јавната администрација и функционалната пазарна економија.

– Единство, храброст, одговорност и прагматизам од сите ќе бидат од суштинско значење. Сите политички групи и партии, локалните власти и граѓанското општество треба да ја преземат одговорноста за овој процес и заедно да ја подготват основата за преговорите, наведоа Хан и Могерини.

Според премиерот Зоран Заев, неодамнешната одлука на ЕУ за датум за почнување преговори за членство на Македонија и Албанија, е „историска“, а консолидацијата на ЕУ ќе биде довршена дури кога Унијата ќе го прифати Западен Балкан.

– Добивме датум за преговори – јуни 2019. Дотогаш, заедно со нашите пријатели и партнери од Европската комисија, заеднички ќе работиме на остварување на критериумите, односно на имплементација на фазите од Договорот со Грција и финализација на реформите. Многу сме блиску до нашата цел да ги достигнеме стандардите на ЕУ, рече Заев, во интервју за Дојче веле на македонски јазик.

Како што најави вицепремиерот Османи, до 17. месецов треба да биде познат тимот на Македонија кој ќе ги води преговорите со ЕУ, по што ќе започне скрининг процесот. (МИА)

Tags: Евроинтеграцискиот патединствоМакедонијаодговорностреформичленство
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ