• Latest
Фото: ЕУ / МИА Архива

Европските лидери ќе решаваат за избор на врвните функционери на ЕУ

June 27, 2024

И на пазарот има мода

May 14, 2026

Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

May 14, 2026

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

May 14, 2026
Илустрација ВИ

Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

May 14, 2026
Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

May 14, 2026
Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

May 14, 2026

Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

May 14, 2026
Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

May 13, 2026

Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

May 13, 2026

ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

May 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Илустрација ВИ

    Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

    Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

    Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

    Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

    Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    И на пазарот има мода

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СВЕТ

Европските лидери ќе решаваат за избор на врвните функционери на ЕУ

June 27, 2024 07:13
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Фото: ЕУ / МИА Архива

Фото: ЕУ / МИА Архива

Share on FacebookShare on Twitter

Изборот на носителите на водечките раководни позиции во ЕУ, Стратешката агенда 2024-2029 година, состојбите во Украина и на Блискиот Исток, безбедноста и одбраната, конкурентноста, миграцијата, хибридните напади и прашања од надворешната политика, ќе бидат главни теми на дводневниот Самит на Унијата што почнува попладнево во Брисел.

Во поканата упатена до шефовите на држави или влади на земјите членки на ЕУ за учество на Самитот, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел посочува дека тоа ќе биде особено значаен состанок, бидејќи има суштинска агенда и со критични одлуки кои ќе го обликуваат патот на Унијата во следниот период.

– Меѓу овие одлуки, особено се издвојуваат три. Прво, ќе ја донесеме Стратешката агенда. Почитувајќи ја својата улога согласно договорите, Европскиот совет ќе ги обликува приоритетите на ЕУ и ќе ги постави стратешките ориентации на Унијата за следните пет години, кои ќе ја насочуваат работата во текот следниот институционален циклус. Второ, ќе го одредиме патот за внатрешните реформи и трето, ќе се договориме за институционалните назначувања, наведува Мишел во поканата.

Всушност, најважна точка на ова заседание на лидерите на ЕУ ќе биде носењето одлуки за избор на претседател на Европскиот совет, номинирање на претседателот на Европската комисија и именување на висок претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, изборот на носителите на овие функции се врши согласно процедури пропишани во Договорот на Европската унија (ТЕУ), при што мора да се води сметка дека избраните лидери мора да ја одразува различноста на ЕУ во однос на географското потекло, големината на земјата, полот и политичката припадност.

 „Треба да признаеме дека и покрај постојаната посветеност кон интеграцијата во ЕУ ... луѓето во регионот доживуваат чувство на длабоко разочарување во процесот на проширување“, се вели во до

Согласно одредбите од Договорот на ЕУ, претседателот на Европскиот совет се избира со квалификувано мнозинство од страна на шефовите на држави или влади на земјите членки на Унијата со мандат од 2,5 години, со право на реизбор. Кандидат за оваа функција е поранешниот португалски премиер Антонио Кошта од Социјалистичката партија (ПС), која е дел од Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД).

Врз основа на резултатите од Евроизборите, Европскиот совет го предлага кандидатот за функцијата претседател на Европската комисија, кој го избира Европскиот парламент со мнозинство гласови од вкупниот број европратеници. Доколку предложениот кандидат не го добие потребното мнозинство гласови во ЕП, Европскиот совет во рок од еден месец мора да предложи нов кандидат. По ова истата процедура продолжува во Европарламентот со додека предложениот кандидат не биде избран со потребното мнозинство.

Актуелната претседателка на Еврокомисијата, Урсула фон дер Лајен е кандидатка за реизбор на функцијата. Таа доаѓа од редовите на германската Христијанско демократска унија (ЦДУ), која е членка на Европската народна партија (ЕПП).

Според одредбите од ТЕУ, Европскиот совет го назначува високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност со мандат од пет години. Одлуката за назначување на „првиот дипломат на Унијата“ се носи со квалификувано мнозинство на членовите на Советот и во договор со претседателот на Европската комисија. Кандидат за наследник на Жосеп Борел на оваа функција е естонската премиерка Каја Калас, која членка на Реформската партија (РЕ), која пак е дел од либералната група во ЕП, „Да ја обновиме Европа“.

Согласно ТЕУ, Советот на ЕУ официјално ја именува целата Европска комисија, откако таа претходно ќе добие поддршка од Европскиот парламент со мнозинство гласови од пратениците што гласале. Одлуката за именување на ЕК, Европскиот совет ја носи со квалификувано мнозинство.

Европратениците денеска ги одобрија плановите за зголемување на производството на муниција и ракети во ЕУ и побрзо снабдување на Украина со муниција, објави Европскиот парламент

Се очекува Советот да ја усвои и Стратешката агенда на ЕУ за периодот 2024-2029 година, која претставува политички план што ги поставува правците и целите на Унијата за следниот период. Врз основа на дискусиите меѓу лидерите на ЕУ за предизвиците и идните приоритети на блокот, утврдено е Стратешката агенда да се заснова на три столба – слободна и демократска, силна и безбедна и просперитетна и конкурентна Европа.

Исто така, се очекува лидерите да усвојат патоказ за идните активности поврзани со внатрешните реформи, што треба да ги преземе ЕУ за исполнување на долгорочните амбиции и за зајакнување на нејзините капацитети за справување со сè покомплексните предизвици, кои би се одвивале паралелно со процесот на проширување на Унијата.

Инаку, заседанието на Советот ќе започне со размена на мислења со украинскиот претседател Володимир Зеленски, што ќе биде можност да се разговара за ситуацијата на теренот во Украина и, како што наведува Мишел во поканата, „да се забележат некои достигнувања од нашата последна средба“.

Според најавите, лидерите на ЕУ ќе се осврнат на руската агресија врз Украина во сите нејзини димензии, во услови на ескалација и интензивирање на руските напади врз цивили и критична инфраструктура. Предвидено е тие да разговараат за сеопфатната помош на ЕУ за Украина, особено за воената поддршка и во тој контекст, тие ќе разговараат за иницијативите покренати од некои земји членки на Унијата за доставување муниција и ракети на земјата и за поддршка во рамките на Европскиот мировен фонд.

– Императив е да ја интензивираме нашата воена поддршка за Украина, фокусирајќи се на противвоздушната одбрана, муницијата и ракетите. Дополнително, ние мора да продолжиме да обезбедуваме широка меѓународна поддршка за праведен мир во Украина врз основа на Повелбата на ОН, наведува Мишел во поканата.

ЕУ смета дека Русија се обидува „де факто да интегрира“ делови од источна Украина преку „нелегитимни избори“ и издавање пасоши на локалното население, објави агенцијата Блумберг, повикувајќи

Се очекува лидерите да се осврнат и на напредокот во користењето на профитите од замрзнатите руски средства за поддршка на Украина и нејзината обнова, како и процесот на зачленување на земјата во ЕУ по одржувањето на првата Меѓувладина конференција во вторникот на која беше усвоена Преговарачката рамка.

– Бевме амбициозни и храбри во насочувањето на вонредните приходи од блокираните руски средства за поддршка на Украина оваа година. За следните години заедно со партнерите ќе обезбедиме кредити за Украина за дополнителни 50 милијарди евра, додава Мишел, посочувајќи дека Европскиот совет ќе биде можност да го поздрави усвојувањето на Преговарачката рамка и одржувањето на Меѓувладината конференција со Украина, како историски чекори во поддршка на пат на земјата кон членство во ЕУ.

На Европскиот совет ќе стане збор и за најновите случувања на Блискиот Исток и најважните приоритети, вклучително состојбата во Газа, дистрибуцијата на хуманитарната помош за Појасот, иницијативите за итен и одржлив прекин на огнот и безусловно ослободување на киднапираните цивили од страна на Хамас, како и за влијанието на конфликтот врз Западниот Брег и Либан.

Се очекува лидерите на земјите членки на ЕУ да разговараат и за „катастрофалната криза на Блискиот Исток“ и да ја реафирмираат посветеноста на Унијата за ставање крај на конфликтот во Газа во соработка со нејзините меѓународни и регионални партнери, како и за избегнување на понатамошна ескалација на тензиите во регионот и за постигне траен и одржлив мир заснован на решението за две држави – Израел и Палестина.

– Меѓународното право и меѓународното хуманитарно право мора да се почитуваат во сите околности. Во овој контекст, ќе повикаме на целосно спроведување на условите од предлогот за прекин на огнот утврдени во Резолуцијата 2735 на Советот за безбедност на ОН и за почитување и спроведување на наредбите на Меѓународниот суд на правдата, потенцира Мишел во поканата.

„Апелираме до меѓународната заедница и Египет веднаш да се вклучат во испораката на гориво и итни медицински материјали пред да бидат изгубени повеќе човечки животи во болниците“, се вели во

Според него, лидерите на ЕУ ќе го повторат повикот за итен прекин на огнот во Газа, ослободување на сите заложници и зголемување на хуманитарната помош за да се задоволат потребите на цивилите на теренот.

– Ќе ја повториме нашата непоколеблива определба за траен и одржлив мир врз основа на решението со две држави. Ќе продолжиме да ја поддржуваме палестинската управа и да работиме со сите наши партнери во регионот и пошироко за да го оживееме процесот за таа цел, додава Мишел.

Лидерите на ЕУ ќе продолжат со дискусиите за зголемување на севкупната одбранбена готовност и способност на Унијата. Тие, исто така, ќе разговараат и за дополнително зајакнување на европската одбранбена технолошка и индустриска база и за опциите за мобилизирање повеќе средства за одбранбена индустрија во ЕУ.

Дебата за пазарите на капитал, започната на Советот одржан на 17 и 18 април, ќе продолжи со разгледување на напредокот во подобрување на конкурентноста на ЕУ, зајакнување на економска отпорност и искористувањето на целосниот потенцијал на единствениот европски пазар.

– Врз основа на нашата обемна размена за конкурентноста на состанок на Европскиот совет во април, ќе го разгледаме напредокот на сите наши иницијативи за подобрување на конкурентноста, фокусирајќи се особено на пазарите на капитал на Унијата, наведува Мишел.

Веб странците на албанската Влада и јавните онлајн сервиси во земјата се привремено затворени по кибер напад извршен надвор од земјата, јави дописничката на МИА од Тирана.

Европскиот совет ќе расправа и за миграцијата, како и за одговорот на ЕУ на зголемувањето на хибридните активности насочени кон Унијата и нејзините земји членки и држави партнери, кои вклучуваат заплашување, саботажи, манипулации и странско мешање, ширење дезинформации, злонамерни кибер напади и инструментализација на мигранти од трети земји.

Во делот на прашањата од надворешната политика на заседанието ќе стане збор за позицијата на ЕУ во врска со случувањата во Грузија, поврзани со т.н. Закон за странски агенти, како и за изградба на стратешки пристап на Унијата кон регионот на Црното Море.

Лидерите ќе разговараат и за поддршката на Молдавија за справување со предизвиците што произлегуваат од руската инвазија врз Украина и за процесот на зачленување на Кишињев во ЕУ по одржувањето на првата Меѓувладина конференција во вторникот на која беше усвоена Преговарачката рамка.

– Сметам на вас да вложите максимални напори за да постигнете договор за овие важни прашања. Решителна и насочена Унија е од суштинско значење во овие времиња, заклучува Мишел во поканата до лидерите на ЕУ за учество на Самитот.

Tags: ГазаЕвропски СоветЕКМишелУкраинаУрсула фон дер Лајен
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ