• Latest

Филипче: Прележаните од Ковид-19 ќе имаат пристап во угостителските објекти и на настаните на отворено, исто како вакцинираните

August 14, 2021
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Филипче: Прележаните од Ковид-19 ќе имаат пристап во угостителските објекти и на настаните на отворено, исто како вакцинираните

“Оние кои прележале, доволно е да поседуваат медицинска потврда дека биле заболени од КОВИД-19 во рок не подолг од 45 дена” - изјави Филипче.

August 14, 2021 14:26
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Дозволен влез во угостителските објекти и на настаните на отворено ќе имаат, освен вакцинираните, и лицата кои прележале КОВИД-19, објави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

“Оние кои прележале”, како што изјави Филипче, “доволно е да поседуваат медицинска потврда дека биле заболени од КОВИД-19 во рок не подолг од 45 дена” и додаде дека новите рестриктивни мерки што треба да стартуваат од 16 август се во насока на зашита на јавното здравје.

Ова е своевидно дополнување на одговорот на прашањата што ги постави ЦИВИЛ МЕДИА до Министерството за здравство на 12 август, кога оттаму одговорија дека пристап ќе имаат само целосно вакцинирани лица.

“Верувам дека сите сме свесни, дека граѓаните се свесни оти се работи за мерки во насока на заштита на здравјето. Такви мерки се воведени во сите развиени земји во Европа и во светот. Во принцип за сите важи потребата од приложување сертификат за вакцинација, единствено што е воведено како забрана е огранизирање свадби и веселби во затворен простор, од причина што на такви прослави тешко се спроведуват и запазуваат протоколите за заштита”, изјави Филипче.

За предвиденото воведување редарски служби од страна на угостителите, Филипче рече дека тие се во насока на заштита на самите угостители и дека  при воведувањето на мерките е разговарано со сите субјекти, а додаде и дека е отворена опцијата за дополнителни консултации за какви било потешкотии или предизвици што би се јавиле при спроведувањерто на новите протоколи и мерки.

Од вкупно 3497 пациенти дијагностицирани изминатите седум дена, 3047 се невакцинирани, односно само десет проценти се вакцинирани и се позитивни, а тие кои се во болница на лекување имаат прилично стабилна состојба, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој ги охрабрува граѓаните да се вакцинираат бидејќи тоа е начинот на којшто ќе се постигне колективен имунитет и ќе може нормално да се живее.

Според него, бројот на новодијагностицирани и хоспитализирани е посебно голем во градови каде што опфатот со вакцинација е околу дваесетина проценти. Тоа се Куманово, Тетово, Гостивар, Кичево. Во Охрид, опфатот со вакцината е 50 проценти и има помалку од десет хоспитализирани пациенти.

“Одличен е одѕивот после најавата за новите мерки кои стартуваат од 16 август. Околу 8.000 граѓани во просек на ден се јавуваат да примат прва доза на вакцина. Верувам дека ќе продолжиме со таа динамика и за прилично кратко разумно време ќе се зголеми опфатот со вакцинација”, изјави тој.

Во однос на вакцините, рече дека има доволен број, а ја најави и донацијата од Бугарија на вакцината „Фајзер“.

Притоа дека државите е инсистираат на вакциција, наведувајќи го вчерашниот пример на Канада каде што ќе биде задолжителна вакцинацијата на сите во јавниот сектор.

М. Ј.

Tags: КОВИД-19
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ