• Latest

Финската премиерка во работна посета на Шведска по повод актуелните случувања за влез во НАТО

February 2, 2023

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
European Union, 2023 - Source: EP - Laia Ros

Меѓу домашните слабости и европските преседани: Што навистина значи извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија?

June 17, 2026
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Финската премиерка во работна посета на Шведска по повод актуелните случувања за влез во НАТО

February 2, 2023 10:33
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерите на земјите кандидати за НАТО, Шведска и Финска денеска треба да се сретнат Стокхолм, еден ден откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Хелсинки може да добие зелено светло од Анкара, но не и Стокхолм за влез во Алијансата.

Финската премиерка Сана Марин е првата шефица на влада што ќе биде примена од нејзиниот шведски колега Улф Кристерсон откако тој ја презеде функцијата минатата есен.

На состанокот најверојатно првенствено ќе се разговара за закочениот процес на приклучување на двете нордиски земји во НАТО.

Финска и Шведска поднесоа барање за членство во мај 2022 година, но Турција го блокира процесот.

Турскиот претседател Ердоган вчера рече дека неговата земја позитивно гледа на барањето на Финска за членство во НАТО, но не ја поддржува кандидатурата на Шведска.

– Нашиот став за Финска е позитивен, но што се однесува до Шведска, не е, рече Ердоган во врска со обидите на двете земји да се приклучат на Северноатлантската Алијанса.

Анкара својата поддршка за двете земји ја условува со екстрадиција на „терористи“, главно Курди. Таа бара Хелсинки и Стокхолм да заземат особено строг став кон членовите на Курдистанската работничка партија (ПКК), која Турција и ЕУ ја сметаат за терористичка организација, и втора група која ја обвинува за обидот за пуч во 2016 година.

Трите страни во јуни минатата година постигнаа договор во Мадрид за целите, но Анкара ги прекина разговорите минатиот месец откако се зголемија тензиите кога десничарски екстремист запали Куран во близина на турската Амбасада во Стокхолм.

– Шведска во моментов не треба да се труди со обидите да ја добие нашата согласност. Нема да дадеме потврден одговор на нејзиното барање сè додека тие дозволуваат палење на Куранот, рече Ердоган.

Финска веќе неколку пати кажа дека би сакала да влезе во НАТО заедно со Шведска.

Tags: НАТОСана МаринтурцијаУлф КристерсонФинскаШведска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ