Дваесет и тригодишниот Д.А. и 18- годишниот Х.Џ, двајата од Тетово, вчера околу 13 часот и 20 минути во Полициската станица Тетово пријавиле дека на улица „Маршал Тито“ , во близина на тетовскиот Зелен пазар, околу 11 часот и 50 минути, најпрво биле навредувани, а потоа Д.А. бил нападнат од С.А.( 43 ) од Тетово.
Двајцата пријавители делеле флаери со содржина поврзана со претстојниот референдум, а, според пријавеното, С.А. им ги згужвал флаерите, ги навредувал и во еден момент се обидел со тупаница да го удри Д.А, но тој го избегнал ударот, по што С.А. со нога го удрил по грбот и заедно со уште две лица, кои биле со него, заминал од местото на настанот.
Се работи на целосно расчистување на случајот.