• Latest

Флора Шабани: Има случаи на вербални и физички напади врз новинари и судски процеси кои имаат цел да ги замолчат

May 2, 2025

Русија повторно ја нападна украинската железница: двоен удар врз патнички воз во Запоришката област

July 18, 2026
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Флора Шабани: Има случаи на вербални и физички напади врз новинари и судски процеси кои имаат цел да ги замолчат

May 2, 2025 09:52
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

По повод 3 Мај, Светски ден за слобода на медиумите, Фронтлајн се обрати со три прашања до водителката и новинарка на ТВ21, Флора Шабани, која меѓу другото вели: „Северна Македонија покажува одреден напредок во медиумската слобода, но реалноста сè уште е обележана со влијание од политички и економски центри на моќ, недоволна заштита на новинарите и проблеми со квалитетот и независноста на медиумските содржини“.

ФРОНТЛАЈН: Како би ја опишале состојбата на медиумите во нашата земја?

Флора Шабани: Медиумскиот пејзаж во нашата земја е разновиден, но се соочува со многу предизвици поврзани со професионализмот, политичкото влијание и финансиската одржливост.

Голем дел од медиумите се под директно или индиректно влијание на политички или бизнис интереси. Сè уште постои проблем со „copy-paste“ новинарството, недостаток на истражувачко новинарство и проверка на факти. Но сепак, има медиуми и новинари кои се залагаат за професионализам и етика.

ФРОНТЛАЈН: Како го оценувате нивото на медиумските слободи и слободата на изразување?

Флора Шабани: Нивото на медиумските слободи и слободата на изразување во нашата земја може да се оцени како делумно слободно, со одреден напредок во последните години, но сè уште со значителни предизвици.

Постојат различни медиумски гласови – и традиционални и онлајн – што овозможува различни погледи и мислења да бидат застапени во јавниот дискурс.

Но има случаи на вербални и физички напади врз новинари, како и судски процеси кои имаат цел да ги замолчат. Овие случаи неретко остануваат нерасчистени или неказнети. Новинарите понекогаш се принудени на самоцензура поради страв од губење на работа или од правни последици.

Северна Македонија покажува одреден напредок во медиумската слобода, но реалноста сè уште е обележана со влијание од политички и економски центри на моќ, недоволна заштита на новинарите и проблеми со квалитетот и независноста на медиумските содржини.

ФРОНТЛАЈН: Кои се вашите препораки за унапредување на медиумите и зајакнување на медиумските слободи?

Флора Шабани: Според мене овие се неколку клучни препораки за унапредување и зајакнување на медиумските слободи во Северна Македонија а тоа се обезбедување стабилно и независно финансирање преку законски механизми, поддршка за локални и регионални медиуми, унапредување на работните услови на новинарите, и донесување на закон за онлајн медиуми, со фокус на саморегулација и заштита на слободата на изразување, и чести кампањи за подигнување на јавната свест за лажни вести и дезинформации.

Дестан Јонузи / Преземено: Фронтлајн

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ