Една милијарда евра за поддршка на проекти од Европската унија (за информатичка и нано технологија) побарал францускиот претседател, Емануел Макрон од германската канцеларка, Ангела Меркел. Двајцата државници денеска во Париз, заедно претседавале со седница на владите на Франција и Германија.
Макрон од Германија побарал поддршка и за други заеднички европски проекти во сферата на одбраната, безбедноста и имиграцијата. Тој предлага избор на министер за финансии, парламент и буџет на земјите од еврозоната, за што се потребни дополнителни финансиски извори, но и измени во европското законодавството.
Германија, како единствената земја во ЕУ што може да поддржи вакви политички и финансиски промени, се противи на овие предлози.
Инаку, на Самитот за Западен Балкан во Трст, европските лидери најавија инвестиции за низа проекти во регионот, во висина од 1.3 милијарди евра до 2020 година.