• Latest

Фрчковски: Младите се вработуваат со задоцнување

June 15, 2017

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Фрчковски: Младите се вработуваат со задоцнување

June 15, 2017 14:24
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Националниот координатор за акцискиот план за вработување на млади во Република Македонија, при Министерството за труд и социјална политика, Младен Фрчковски, на конференцијата „Општество без граници“ во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода истакна дека младите стануваат атрактивни на пазарот на трудот и по дури две ипол години по завршеното образование, премногу долг период, по кој им е непходно дополнително едуцирање и процес на активација, за да го обноват стекнатото знаењето и да бидат работно способни во вистинска смисла на зборот.

„Доколку почувствуваат работодавачите дека им недостасува работна сила, тие самите ќе ги подобрат условите за работа, платата и сите други поволности што им следат на работниците, нормално во секоја држава. Ако видите со години наназад, согласно официјалните податоци на Државниот завод за статистика, од 6.000 до 7.000 работни места има слободни. Со оглед на понудата, односот на работодавачите е таков каков што е, кога ќе се создаде конкуренција меѓу нив, и ќе има потреба од 60.000 работни места…, работникот ќе биде тој што ќе кажува какви сака да му бидат работните услови“, изјави Фрчковски, истакнувајќи дека е потребно да се потикнуваат младите за отворање на сопствени бизниси за на тој начин да ја креираат својата иднина.

Камера: Атанас Петровски и Дехран Муратов

Монтажа: Ермин Климента


Изјавата/излагањето на конференцијата е дел од проектот „Општество без граници“, што ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува со поддршка од германската Фондација „Хајнрих Бел“. Целта на проектот е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за Граѓанската повелба, глобален документ за унапредување на граѓанските права и на активното учество на граѓаните во процесите на одлучување.

 

Tags: „Општество без граници“вработувањеконференцијаМладен ФрчковскимладиМТСПсоцијална правда
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ