• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Го допре ли дното „таканаречената“ Антикорупциска?

December 28, 2024
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home (АНТИ)КОРУПЦИЈА

Го допре ли дното „таканаречената“ Антикорупциска?

Воопшто не се обидувајте да одговорите, ова не е прашање на денот, овојпат прашањето е чисто реторичко.

December 28, 2024 15:33
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Воопшто не се обидувајте да одговорите, ова не е прашање на денот, овојпат прашањето е чисто реторичко. Од досегашното искуство со различни состави во „таканаречената“ Антикорупциска, со сигурност може да потврдиме дека ДКСК секогаш може да падне уште пониско, пробивајќи го дното со секое ново небулозно соопштение што ќе го објави.

Таман помисливме дека примерот на поранешниот претседател на ова антикорупциско тело, Горан Миленков, кој за време на неговот мандат, во 2016 година,  криејќи го анкетниот лист на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски од новинарите .и јавноста, ќе ја даде „легендарната“ изјава: Најљубезно ве замолувам ова прашање да го затвориме ЗА ВЕК И ВЕКОВ, АМИН“, ќе биде некоја „црвена“ или подобро кажано, „црна“ линија под која антикорупционерите во иднина нема да одат, и… ТАГАУ (ви звучи познато, нели), стигна ново пробивање на дното. Овојпат во ликот и делото на Цвета Ристовска, членка на ДКСК со (до вчера) тесни врски со Факултетот за туризам – Универзитет „Скопје“, каде предавала, била член на управен одбор, асистентка на деканот, и сосема случајно, токму на неа ѝ бил доделен предметот за Христовски, во кој по анонимна претставка беше оспорена и факултетската диплома од Универзитетот „Скопје“.

И нормално, Антикорупциска одлучи по предметот кој го водеше Цвета и секако,  по нејзин предлог, одлуката се отфрли, по што Ристовска ноншалантно, со доза на триумфализам, соопшти дека со дипломите на директорот на АНБ се е Оу-Кеј.

Ма каков судир на интереси, какви бакрачи. Ко то каже, ко то лаже, па Цвета е честа како…цвет. И по силните реакции на јавноста, наместо ДКСК едноставно да се самораспушти, продолжи да се посипува со пепел, изнесувајќи небулозни тврдења дека Цвета не била дел од наставниот кадар, ама сепак била, но целата нејзина активност во дотичниот универзитет – предавањата, членството во управниот одбор, улогата на асистентка на деканот- го вршела про боно, што ќе рече за беспари, за џабе. Изгледа дошло време за наплата.

Ах да, за малку ќе заборавев. Како дел од претставката поднесена за директорот на АНБ која ја отфрли ДКСК, и Цвета Ристовска, е и ТОЕФЕЛ сертификатот на Христовски од училиште за англиски јазик во Пловдив кое веќе не постои, а и додека постоело немало лиценца за издавање такви сертификати, епа и Цвета поднела доказ за познавање јазик, за кој јавноста прашува дали е од истата продавница за сертификати од Пловдив, и го бара на увид.

Се чини дека ДКСК, возобновувајќи ја недопирливоста на функционерите од новата владејачка номенклатура, во истата „каста“ си ги става и сопствените членови.


Текстот е личен став на авторот

ПРОЧИТАЈТЕ И:

ГОРДИЕВ ЈАЗОЛ: Инкриминирана диплома на Бојан Христовски, факултетот за туризам „Скопје“ и мистериозната смрт на деканот Кожухаров, Антикорупциска и Цвета Ристовска

Се враќа ли мантрата „За век и веков, амин“ во ДКСК?

Tags: директор на АНГДКСКинкриминирана дипломаФакултет за туризам-Универзитет „Скопје“Цвета Ристовска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ