• Latest

Граѓаните одлучуваат за своите права

March 30, 2018

Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

May 13, 2026

ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

May 13, 2026

СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

May 13, 2026

ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

May 13, 2026

За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

May 13, 2026

Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

May 12, 2026
Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

May 12, 2026

Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

May 12, 2026
Реакции - идентитет

РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

May 12, 2026

Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

May 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

    Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026

    Зеленски дозволи одржување на парадата во Москва: Потпиша декрет за локализиран прекин на огнот

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

    Илустрација ВИ

    Предвремени избори како алатка за продолжување на политичката контрола

    Германски трупи парадираат пред платформата со високите офицери на германската и советската армија (Bundesarchiv Bild 101I-121-0011A-23, Polen, Siegesparade, Guderian, Kriwoschein)

    Заборавениот сојуз и пријателство „запечатено со крв“: Кога нацистите и сталинистите парадираа заедно

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ВЕСТИ

Граѓаните одлучуваат за своите права

March 30, 2018 16:07
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Конференцијата „Граѓанската повелба – Глобална рамка за учество на граѓаните“, која ја организираше  ЦИВИЛ во соработка со Меѓународниот центар за граѓанско општество (ICSC), ги презентираа своите гледишта и можностите за соработка меѓу граѓанското општество, локалната и централната власт, медиумите, бизнис заедницата, политичките партии и други засегнати страни и структури кои донесуваат одлуки во земјата.

Граѓанската повелба се однесува на слободата на изразувањето, а тоа подразбира, дека таа е просторот каде говорот на омраза, фашизмот, неонацизмот, екстремизмот, радикализмот наоѓаат прибежиште користејќи ги правата и слободите во контекст на слободата на изразување“, истакна Џабир Дерала на конференцијата.

Што се однесува до слободата на информацијата и слободата на собирање, Дерала преку конкретни примери ја илустрираше голготата низ која поминаа граѓанките и граѓаните во Македонија во период од 12 години.

„Граѓанската повелба бара ефективно, вистинско, учество на граѓанките и граѓаните во донесувањето на одлуките на локално, национално, но и глобално ниво. Живееме во глобален свет во кој секој може да се обиде и евентуално, ако наиде на солидарност од своите сограѓан(к)и, институции, групи, иницијативи, организации, можеби и бизнис заедници, може да учествува на некој начин во позитивно менување на нештата на глобално ниво, а не, неславно, како групата од Велес, која директно имаше удел во претседателските избори во Америка“, додаде тој.

Во своето обраќање ја објасни должноста на Владата да заштити, наместо да прогонува, и јавната одговорност на Владата, бизнис заедницата и граѓанското општество.

„Ние како граѓанки и граѓани имаме право да кажеме дека не сме задоволни и имаме право да не знаеме што не ни се допаѓа, а сепак да бидеме незадоволни и да бараме некоја промена. Тие што се поумни и што ги имаат алатките за управување со системот, имаат обврска тоа да го канализираат, да го артикулираат, да го разберат и да го спроведат. Тоа е нивна одговорност, која е и јавна. Јавната одговорност е една од најважните на која се инсистира во Граѓанската повелба“, рече Дерала.

Бранди Геркинг преставничката на Меѓународниот центар за граѓанско општество (Берлин, Германија), истакна дека во 2015 година ја развиле Граѓанската повелба како глобална рамка за учество на граѓаните, бидејќи има пораст на прекршување на човековите права и слободи во голем број земји во светот. Таа додаде дека луѓето и нивните организации се соочуваат со најразлични рестрикции и се лишени од правото да учествуваат во обликувањето на нивното општество, а активистите се соочуваат со закани, тие се мачени, затворани и прогонувани поради нивните верувања и убедувања.

„Доколку граѓаните навистина немаат можност да учествуваат во овие процеси светот нема да биде во можност да ги надмине своите предизвици“, потенцираше Геркинг.

Советникот за односи со јавност на премиерот на Република Македонија, Маријан Забрчанец истакна дека му е пријатно да биде со граѓанските активисти, со претставниците на граѓанското општество. Тој во свое лично име и во име на Владата ја поддра граѓанската повелба за граѓанско учество и истакна дека недвосмислено застануваат како институција и како Влада во одбрана и во поддршка на концептот на граѓанско учество. Тој потсети дека во однос на обезбедувањето на демократски медиумски амбиент, е укинато Владиното рекламирање, со цел да се оневозможи, оваа, или било која следна влада, повторно да ги впрегнува медиумите во пропагандни цели, во ширење лаги и манипулации против граѓаните.

„Се објавија сите лични службени трошоци на министри, заменици министри и државни секретари, и тоа е првата фаза. Сакам да најавам дека листата на функционери, носители на јавни функции коишто ќе ги објавуваат своите трошоци ќе се шири. Значи, и други ешалони од власта ќе мора да ја преземат оваа обврска. И најавувам дека Владата овој концепт на активна транспарентност, како и алатката за отчетност, ќе ја понуди и на локалните самоуправи и на другите нивоа на власт во оваа држава. Таму немаме јурисдикција да наметнеме, или да донесеме одлука, меѓутоа, како концепт на активна транспарентност, како методологија, ќе го понудиме и на другите нивоа на власт. Во делот на пристапност, знаете дека Владата деквалифицираше многу од информациите кои претходно беа квалифицирани, за да им се овозможи на сите заинтересирани граѓани, тинк-тенкови, организации и заедници, да имаат полесен пристап до информациите. Во делот на пристапност влегува токму и ова за што денеска разговараме, воспоставување на институционални канали за системска соработка на Владата, институциите со граѓанските организации или со претставници на граѓаните“, потенцираше Забрчанец.

Во делот на пристапноста и на соработката со граѓаните, а за да се овозможи граѓанско учество, тој најави дека е во финална фаза формирањето на Советот за соработка со граѓански организации во којшто ќе членуваат 16 претставници на граѓанското општество и 14 претставници на институциите.

Сакам да ги охрабрам сите граѓански организации да пристапуваат кон Владата. Ние можеби нема да бидеме во можност секогаш кон сите навреме да пристапиме, меѓутоа сме отворени да учествуваме и на вакви настани и да бидеме партнер на секоја граѓанска иницијатива која што доаѓа кон нас“, истакна Забрчанец.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на конференцијата на ЦИВИЛ, „Граѓанска повелба – Глобална рамка за учество на граѓаните“, истакна дека бил во позиција да му бидат кршени граѓанските права во голем број на случаи, особено изминатите 12-13 години наназад во Република Македонија.

„Денеска сум во позиција, евентуално и да прекршам некое граѓанско право. Верувајте ми кога ќе се направи анализа границата е многу мала меѓу овие две нешта. Тоа првенствено се базира на менталниот склоп што како индивидуа секој од нас го носи“, изјави Градоначалникот на Куманово.

Димитриевски, исто така, истакна дека за да се борите за граѓанските права треба да бидете и сами мотивирани да ги побарате.

„Ми се случува како градоначалник да дојде граѓанин и да рече јас го барам тоа и тоа право, но вие побарајте го во мое име. Јас не сакам да се декларирам, нашето општество сѐ уште е заразено и не се чувствувам дека можам да си ги остварам своите права. Тоа е погрешен пристап. Апелирам до сите вас што доаѓаат од владиниот, но првенствено од невладиниот сектор, да ги мотивираме сите граѓани да ги бараат првично сопствените права, бидејќи не може да се бори за нашите права никој друг во наше име доколку иницијативата не тргне од нас“, истакна Димитриевски.

Тој потенцираше дека, за жал, маргинализираните групи во Македонија, сѐ уште не можат да си ги остварат основните граѓански права, а лицата со попреченост се оставени на маргините на општеството. На крајот од говорот истакна дека локалната самоуправа е тука не само за морална поддршка на невладиниот сектор, туку и за почетна материјална поддршка во спроведување на нивните проекти во интерес и заштита на граѓанските права.

Димитриевски е првиот градоначалник во Македонија, но и многу пошироко, кој го стави својот потпис на меѓународната петиција за поддршка на Граѓанската повелба.

Активистката Јасмина Голубовска на конференцијата потенцираше дека помина доста време, можеби околу седум години, активно градење на политичка култура на отпор кон било какви политики на корупција, непотизам, нетранспарентно работење, криминал, кој што доаѓа од страна на извршната, законодавната или судската власт, па дури и во економската област.

„Овие општествени феномени не му даваат на едно општество да заживее врз вистински демократски принципи, а наспроти тоа гради и ги спојува оние кои се научени или приучени форми на политичко уредување коешто е во директен судир, односно е во еден вид на хибрид, што значи едно приучено навидум неинформирано, неедуцирано раководство во она што значи демократија, особено парламентарна демоктратија.

Една година потоа не можам да видам некои промени во надминување на поранешните состојби кои се длабоко вкоренети. Мојата магистратура која беше во 2009 година на тема дека Македонија и Албанија во суштина се хибридни системи кои продуцираат голем степен на недемократија, авториритарно однесување во самиот политички систем за контрола на населението и ресурсите кои се природно стекнати. Денеска не гледам некои сериозни обиди за промена на таков вид на политики, односно повторно се соочуваме со носење на површни политики коишто формално-правно задоволуваат можеби нечиј интерес, на некоја помала или поголема група, меѓутоа како општество воцелина не ги земаат во предвид интересите на сите“, додаде Голубовска.

Синиша Станковиќ, од ЦИВИЛ истакна дека ја поддржува ‘Граѓанската повелба’ бидејќи цврсто е убеден оти вклучувањето на граѓаните во обликувањето на нивното/нашето општество е неминовно, ако сакаме нашата држава да продолжи да постои и да функционира.

„Изградивме држава, меѓутоа за жал, колку и да звучи грубо, ние сме далеку од изградба на граѓанско општество. Еден мал процент на граѓан(к)ите се борци за граѓанското општество вистински да заживее… На пример, кога само на еден мал процент или барем, на помал процент од сегашниот, би им пречеле овие седум јазика на ‘Граѓанската повелба’, на банерот зад мене… Меѓутоа, некому…, на многумина им пречат. Последниот текст/анализа за политичката ситуација во Македонија, минатата недела го насловив ‘Македонија – службениот јазик на омразата’. Сè додека е така, јазиците што се зборуваат во оваа наша ‘македонска салата’ – ќе ни пречат. Затоа се залагам дека секој треба да ја прифати ‘Граѓанската повелба’ и да работи во својата сфера на влијание.

Ако секој граѓанин си го постави прашањето од Повелбата – ‘Што има тука за мене?’, во смисла, што можам да направам, со што можам да придонесам за Македонија да стане попристојно место за живеење, можеби во иднина би го одбегнале она прашање кое со децении го девастираше целиот Балкан. На српски беше ‘Колко мене доѓе?“ (Колку од ‘зделката’ е за мене?“), прашањето – потпорен столб на корупцијата…“, истакна тој.

Станковиќ додаде дека корупцијата/криминалот можеме да ја победиме единствено во соработка со сите заинтересирани граѓани, поединци, индивидуи кои се заинтересирани за себе и своите семејства, за општеството, за – својата држава да ја обликуваат за своите идни поколенија.

Ванчо Орданоски на конференцијата укажа на односот на граѓаните кон технологијата којашто толку радикално се менува во последните години, што мора да се размислува и на тој аспект на слободата на граѓаните во односот со технологијата.

„Денеска сме сведоци на огромен напредок на вештачката интелигенција, на автономните компјутери, на автономните возила, некои машини кои веќе стануваат полусвесни или свесни и можат да влијаат на слободата на граѓаните. Во иднина ќе мораме да се справуваме со тоа. Ние не сме ни свесни колку сме блиску до технологијата и до нејзиното влијание на нашите животи“, вели Орданоски.
Тој додаде дека прашање на ден е кога некоја нова Кембриџ аналитика ќе се појави во Македонија, и ќе се обиде да влијае на некои нови избори или на некои важни општествени одлуки.

На конференцијата, преставничката на Централен регистар, Ирена Лазарова истакна дека Централниот регистар се наоѓа помеѓу бизнис секторот и обичниот граѓанин. Таа додаде дека Централниот регистар како институција може да ја одигра една од најзначајните улоги во исполнувањето на целите на повелбата и сите останати иницијативи кои се преземаат на ниво на државата. Да ги поддржат граѓаните и да ги вклучат во донесувањето на одлуки во општеството.

„Бидејќи доаѓам од сектор каде што сум директно вклучена во мерењето на задоволство на граѓаните и целиот бизнис сектор, точно ги разбирам проблемите со кои се соочуваат граѓаните кои сакаат да започнат со свој сопствен бизнис, како и препреките со кои се соочува невладиниот сектор. Централниот регистар работи на разрешување на овие проблеми за полесен пристап до информации, како и на охрабрување на граѓаните во остварување на своите цели“, потенцираше Лазаровска.

Маја Ивановска од ЦИВИЛ рече дека овој пилот проектот се имплементираше во општините Скопје и Куманово.

„Имавме низа теренски активности, работилници со бизнис сектор, граѓанско општество, политички партии, невладини организации… Идеата е да има меѓусекторка соработка, и поширок простор за делување. Резултатите од анкетите не се многу охрабрувачки, но се чуствува слобода од претходните години дека има поголема слобода, без страв, слободно да се искажат за своите проблеми“, изјави Ивановска.

„ГРАЃАНСКА ПОВЕЛБА – Што има тука за мене?“ е пилот проект преку кој ЦИВИЛ продолжува да ја промовира Граѓанската повелба на еден иновативен начин. Ова вклучува истражување на можностите за воспоставување меѓусекторска соработка и партнерства за усвојување и доследно спроведување на Граѓанската повелба.

Проектот е поддржан од Меѓународниот центар за граѓанско општество.

Дехран Муратов

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Ермин Климента

Фотографија: Биљана Јордановска

Tags: Граѓанска повелбадемократијаконференцијаправаслободаЦивил
Share14TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ