Дождливото време не го спречи тимот на ЦИВИЛ и денеска да биде на улиците низ Скопје, со цел да го промовира граѓанското новинарство и на граѓанките и граѓаните да им овозможи одблизу да се запознаат со целите и идеите на проектот.
На инфо-штандот кој денес беше поставен на премиот кај „Палета“, граѓан(к)ите имаа можност и да се пријават за претстојниот семинар за граѓански новинари што ќе се одржи овој викенд во Скопје (22 и 23 април) во хотелот „Сити парк“. Со учество на овој семинар тие имаат можност да станат дел од големата мрежа на граѓански новинари ширум светот.
Овој инфо-штанд беше последен повик за пријавување за учество на семинарот. Сите заинтересирани можат да се пријават на онлајн формуларот.