• Latest
Зоран Заев (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Грчките медиуми за интервјуто на Заев на ТВ Алфа

January 8, 2018

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Воениот злосторник меѓу хашката пресуда и политичката митологија – анализа на Костовски

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Грчките медиуми за интервјуто на Заев на ТВ Алфа

January 8, 2018 12:52
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Зоран Заев (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Зоран Заев (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

„Заев оптимист за решение во првата половина на 2018“; „Следен чекор: соопштување на името“; „Заев: немаме црвени линии“; „Можеме да најдеме решение во прашањето за името“; „Зоран Заев: Не за црвените линии“, ова се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми по синоќешното интервју на македонскиот премиер за грчката телевизија Алфа.

Грчките медиуми, во извештаите, јавува дописникот на МИА од Атина, акцентот го ставаат на ставовите на Зоран Заев, во однос на убеденоста дека постои решение, оптимизмот, волјата и расположението за решавање на прашањето за името, но и позициите на македонскиот премиер за „црвените линии“.

-Убеденост дека постои можност за изнаоѓање решение во прашањето за името на пЈРМ, и тоа до крајот на првите шест месеци од 2018., изрази премиерот на земјата, Зоран Заев. Во интервјуто за телевизијата Алфа, господинот Заев, рече дека наводите за „црвени линии“, нема да бидат причина или оправдување за да се постават ограничувања во разговорите, објавува грчката новинска агенција АПЕ-МПЕ во текстот што го пренесоа речиси сите онлајн изданија на грчките медиуми.

 

Новинарите од грчката телевизија Скај, во утринската информативна емисија, коментирајќи го интервјуто, како што јави дописникот на МИА од Атина, рекоа дека во изминатите денови и од двете земји, се чини дека постои волја и оптимистичка клима за конечно решение.

– Заев испрати јасна и оптимистичка порака дека може да се реши проблемот, дека не постојат црвени линии, а она што е важно е дека Скопје сака решение до крајот на првата половина на 2018., коментира новинарката од ТВ Скај и потенцира дека македонскиот премиер во интервјуто испратил пријателски пораки до Грција и на неколку пати ги искористил термините „пријатели“, „пријателска земја“ и „соработка“.

Судејќи според досегашните анализи во медиумите, за Атина, од особена важност е да постојат конкретни и практични чекори од македонска страна, а како пример ги наведуваа преименувањата на аеродромот или автопатот. Затоа, и во текстовите посветени на интервјуто на македонскиот премиер, ја споменуваат и изјавата на Заев во однос на Александар Велики и евентуалните преименувања.

 

– Повтори дека пЈРМ не е единствениот наследник на Александар Велики, истакнувајќи: „Јас тоа јавно го изјавив, бидејќи повеќе верувам во иднината на нашата држава, отколку да бидам заглавен во предрасудите од минатото, затоа што знам дека Александар Велики може да биде нешто кое што ќе не спојува сите, а не да нѐ дели“, пишува грчката државна новинска агенција, пренесува МИА.

Веднаш по завршувањето на централните вести на грчката телевизија Алфа, точно во 20 часот, започна 20 минутното интервју на македонскиот премиер.

извор: МИА

 

 


Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Одговорноста за редакциското опремување на текстовите (наслов, наднаслов, фотографија, тагови) е на ЦИВИЛ Медиа.

Tags: грчки медиумиЗоран Заевимеинтервјуотпимизамспорставови
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ