Откако судот му пресуди две години затворска казна на поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, тој е сè поактивен на социјалните мрежи и наликува како да се да се наоѓа во предизборна еуфорија. Тој се наврати на последните избори каде ја предводеше партијата и на својот Фејсбук профил го реобјави спотот со песната „Молитва“, од Блаже Конески.
Дел од стиховите на истата песна се следни: „Тие се мислат повикани да водат како Мојсија и другите пророци а самите не можат да се ослободат и влечат по себе ситни пороци. Дај Господе, што помалку очите да им ги бодам – штом тие лево ќе фатат, јас десно да одам“.
Д.М.