• Latest

Грујевски и Бошковски утре во Солун ќе ја слушнат одлуката за екстрадиција

January 4, 2018

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Грујевски и Бошковски утре во Солун ќе ја слушнат одлуката за екстрадиција

January 4, 2018 11:26
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

По четири рочишта, од кои две одложени, а во кои беа сослушани двајца сведоци, Горан Грујевски и Никола Бошковски утре ќе ја слушнат одлуката на Советот на судии во Солун, во однос на македонското барање за нивна екстрадиција. Одлуката е веќе донесена и откако сега конечно ќе се најде преведувач од грчки на македонски јазик, таа треба да им се соопшти на поранешните началници во Управата за безбедност и контра разузнавање.

Грчкиот суд најверојатно донел одлука двајцата да бидат екстрадирани во Македонија, со оглед на тоа дека на 20 декември по сослушувањето на сите сведоци, ваков предлог произлегол од обвинителот до поротата.

Последното рочиште се одржа на 22 декември и беше закажано за да се соопшти одлуката на Советот на судии. Со мали прекини, судењето траеше повеќе од два часа, бидејќи се правеа обиди да се најде преведувач. Превод од грчки на бугарски не беше прифатен од одбраната, па поради неможноста да се најде преведувач на македонски, рочиштето беше закажано за две седмици подоцна.

Според еден од адвокатите на Грујевски и Бошковски, судот ги почитувал европските договори за човекови права, правото на обвинетиот и правото на оној по кој е распишана потерница,  да добие превод на неговиот мајчин јазик, и го прифатил барањето на адвокатите рочиштето да биде прекинато и закажано за 5 јануари.

– Имаме конкретни сомнежи во однос на тоа дека нема да имаат фер судење, директно се во опасност нивните животи. Обвинението е целосно нејасно. Еден друг наш аргумент е дека се веќе помилувани и се надеваме дека нема да бидат екстрадирани, рече адвокатот Костас Хаѕијоану за грчките медиуми, на 22 декември, пренесува МИА.

На претходните две рочишта, одржани на 13 и 20 декември, беа сослушани адвокатот на обвинетите Петар Василев и професорот Александар Даштевски.

Одбраната на Грујевски и Бошковски, тврдела дека не станува збор за вистински обвиненија. Според грчката новинска агенција, јавува дописникот на МИА од Атина, двајцата поранешни началници во УБК, рекле дека не сакаат да бидат екстрадирани бидејќи „се плашат за нивните животи“, дека „нема да добијат фер судење“, и дека ги негираат обвиненијата за кои што се товарат, карактеризирајќи ги како нивен „политички прогон“.

Сослушувањата, по барање на адвокатот од Грција, беа зад затворени врати, поради заштита на лицата за кои се бара екстрадиција.

– Нивната заштита е поважна од публицитетот,  рекол, според грчката новинска агенција АПЕ-МПЕ адвокатот Костас Хаѕијоану на првото рочиште за екстрадицијата на 13 декември. Ова негово барање тогаш го поткрепил со тврдењето дека Грујевски и Бошковски во нивната земја се изложени на ризик од закани и прогон.

Во случај Советот на судии утре да соопшти дека Горан Грујевски и Никола Бошковски треба да бидат екстрадирани во Македонија, тие, според грчките закони, ќе имаат право на жалба во Врховниот суд во Атина.

Освен за екстрадицијата, Грујевски и Бошковски имаат уште два други процеси во Грција, независни еден од друг. Едниот е за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на солунскиот аеродром, судењето по три одложувања, ќе се одржи на 17 мај следната година. Другиот случај е по поднесеното барање за азил на 29 ноември, процес кој може дополнително да ја забави евентуалната позитивна одлука за екстрадиција во Македонија.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: Александар ДаштевскиГоран ГрујевскиГрцијаекстрадицијаНикола БошковскипасошиПетар ВасилевСЈОсудењеТаргетТврдинаУБКфалсификат
Share13TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ