• Latest

Груевски: Историја на еден анти – Албанец (I)

January 27, 2017
Фото: Скриншот од видео на CNN

Протекоа детали за тајните дипломатски напори на САД за рестартирање на преговорите со Иран

June 27, 2025
фото: принтскрин емисија „Вин-Вин“, ТВ Телма

Димитриеска-Кочоска: Голем предизвик е да се одвојуваат 5% за одбраната, но добро е што има период на прилагодување

June 27, 2025
Фотографија: МИА

Бугарија преминува на евро, ЕУ го потврди влезот во еврозоната

June 27, 2025
Фото: ЦИВИЛ Медиа

Од 1 јули сe забранува движење во шумите, казна до 2.000 евра за тие што ќе се затекнат

June 27, 2025

Додик: Комеморацијата во Поточари не ја организираат властите во БиХ, туку муслиманската страна, нема да одиме таму додека не се реши обидот за убиство на Вучиќ

June 27, 2025

Мацут: Додека јас сум премиер, српската влада нема да се приклучи на санкциите против Русија

June 27, 2025

Заклучоци на Самитот на ЕУ: Поддршката за Западен Балкан и нивните реформски напори за членство во ЕУ продолжува

June 27, 2025
epa10054406 Prime Minister of the Czech Republic Petr Fiala presents the programme of activities of the Czech Presidency at the European Parliament in Strasbourg, France, 06 July 2022.  Czech Presidency of the Council of the European Union is held from 01 July to 31 December 2022.  EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Лидерите на ЕУ не успеаја да се договорат за новиот пакет санкции за Русија

June 27, 2025
Фото: Скриншот од видео на ANC 24/7

Иран спроведува бран апсења и егзекуции по конфликтот во Израел, ја засилува контролата на социјалните мрежи и притисокот врз новинарите

June 27, 2025
Фото: Фејсбук на Тимчо Муцунски

На Муцунски не му е јасно што е тоа „модерен“ македонски идентитет и јазик – предлогот што пратеници од сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ го поднесоа во Брисел

June 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Груевски: Историја на еден анти – Албанец (I)

January 27, 2017 17:00
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Еве, да претпоставиме дека тоа што Груевски е „страшило” за Албанците во Македонија – не е резултат на неговото постојано користење токму на Албанците како „страшило”. Како материјал за изградба на клучната политика, со која тој добива гласови – антиалбанството, како појдовна точка на неговиот „патриотизам”… Но, што добрини ни донесе Груевски нам, на „глупавите“ Албанци од Македонија, па што сте се фатиле за перо, о вие најпаметните на нацијата, за да нé извадите од темнината? Знам дека не знаете, затоа што вие не се занимавате со ситници, како што се фактите.

Пишува: Петрит Сарачини

По предвремените парламентарни избори на 11-ти декември, преговорите во Македонија за новата влада со во пат-позиција. Али Ахмети e „на голема мака” – да избере помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Груевски, и СДСМ и Заев. Или, меѓу петте различни сценарија – кои ги наведоа тој и неговата партија во медиумите.

А, за да му ги „олеснат” маките, почнале да зачестуваат ставови во албанските медиуми надвор од Македонија, кои се обидуваат да го фаворизираат мислењето и да ги убедат Албанците дека Груевски бил подобра опција за нив?!

Можеби во километри, Скопје и Тетово изгледаат дека не се толку далеку од Приштина и Тирана, но гледајќи од дистанцата понудена преку бироата на умните аналитичари, изгледаат подалеку од Плутон. Онаа бившата планета, на работ на Сончевиот систем. Или, како да не зборуваме за иста ситуација, место, за истиот човек…

Ако ме прашате мене, ми се чини дека е многу повеќе веројатна верзијата оти овие гласови што кокодакаат глупости, биле „подмачкани” и „наштимани”, на соодветен начин, за да ја пеат оваа „убава песна” и да му редат пофалби на Груевски. Ова, во науката и професијата што ги застапувам, се нарекува медиумски клиентелизам. Или, инструментализација на медиумите за политички и други цели и придобивки.

Но, да претпоставиме дека грешам. Да претпоставиме дека 90 отсто од Албанците, кои на сите релевантни анкети (па, дури и оние кои не се релевантни) во Македонија, за сите овие години, се изразиле негативно за Груевски, да ти биле глупави.

Еве, да претпоставиме дека тоа што Груевски е „страшило” за Албанците во Македонија – не е резултат на неговото постојано користење токму на Албанците како „страшило”. Како материјал за изградба на клучната политика, со која тој добива гласови – антиалбанството, како појдовна точка на неговиот „патриотизам”.

Еве, да речеме дека Албанците не се „страшилото”, коешто во овие 10 години му заврши повеќе работа на Груевски, отколку сите други „страшила” заедно. Почнувајќи од Грците и прашањето за името, Бранко (поранешниот претседател на СДСМ, старо „страшило” и за Албанците), Америка, Европа, масоните, мрачните сили, жолтите комбиња со антени што се „појавија”, според Груевски, за време на скандалот со прислушувањето, странските служби, Заев, за да се заврши со последното „страшило” – озлогласениот Сорос.

А, што добрини ни донесе Груевски нам, на „глупавите“ Албанци од Македонија, па што сте се фатиле за перо, о вие најпаметните на нацијата, за да нé извадите од темнината? Знам дека не знаете, затоа што вие не се занимавате со ситници, како што се фактите.

Па, да ви кажам јас. Доколку имате трпение да читате подалеку од насловот и најмногу два пасуса, што би било едно интелектуално достигнување за вас. А за другите, особено за Албанците од Македонија, нека биде – едно структурирано повторување на тоа што го почувствувале на своја кожа, една рекапитулација на политичката историја на Груевски, преку неговите „добрини” кон Албанците, направени директно, но и „одоколу“.

„Добрини” за сите, вклучувајќи ги и Албанците…

Еве, да речеме, дека Албанците се отруени, како што сега вели Груевски, од Сорос и неговата пропаганда.

Меѓутоа, истиот тој Груевски, пред малку повеќе од две години, имаше друг виновник. Оние кои паметат добро (а за оние кои не се сеќаваат, да живее Гугл), непосредно пред парламентарните (повторно предвремени) избори во Република Македонија во 2014 година, Груевски им се обрати во кампањата со видео клип – на Албанците. Тогаш, за неговиот лош имиџ кај нив не го обвини Сорос, туку партиите на Албанците, кои му ги краделе заслугите за проектите и го претставувале погрешно пред нив.

Во тоа легендарно видео, Груевски ги обвинува неговите албански партнери дека мислеле многу повеќе на личните интереси, отколку на оние на народот. Дека не мислеле за вработувањата, економијата, инфраструктурата, туку ги лажеле со јазикот и знамето. Наспроти овие измамници (со кои сега преговара за составување на влада), се пофали со добрините што тој им ги направил на албанските гласачи, и посебно, но исто така, и во рамки на добрините „за сите граѓани”.

И почна да реди, оние работи кои ги реди секој ден, во десетиците медиуми што ги контролира неговата пропаганда.

Почна со субвенциите за земјоделците (кои ги добивале и Албанци) – додека земјоделството секоја година во Македонија произведува сè помалку (покажуваат податоците на Државниот завод за статистика), а субвенциите се уште една шема за поткуп и уцена на гласачите. Ги спомена апаратите и модернизацијата на болниците (каде одат сите, нели) – а во кои секој ден умираат луѓе, често поради небрежност и аматеризам, недостаток на персонал, опрема, лекови… Се пофали со дисперзираните студии – всушност, со реформата во високото образование која потфрли колосално, која произведуваше и произведува функционално неписмени луѓе. Зборуваше за школувањето со стипендии на врвни универзитети во светот, кои не верувам дека ги вкусил некој Албанец, барем не од „плебејците” вон ДУИ.

Продолжи со ветувања за автопатиштата, кои ќе почнел да ги изгради (а кои ќе ги користат и Албанците, нели) и за улиците во  местата населени со Албанци. Еј, во 2014 година, по осум години на власт, со изградени само осум километри автопат, му текна, дека државата останала без автопатишта, или со крпениот асфалт од времето на Тито! Или, не ли му текна дека за осум последователни години не направи ништо, напротив, го кочеше колку што можеше Коридорот 8, кој ја опфаќа Албанија?

Како и обично, се пофали со намалување на невработеноста, во земјата од која над половина милион луѓе емигрирале во последните 10 години, според Светската банка! Во земја, во која една третина од населението живее во крајна сиромаштија, а речиси 60 проценти од младите се без работа! Замислете, колку добрини им направил Груевски, не само на Албанците, туку на сите граѓани на Македонија, без оглед на припадноста!

Нејсе, го отегнав малку елаборирањето на „добрините“ за Албанците, кажани и сублимирани од самиот Груевски во 2014 година. За малку, ќе ги заборавевме некажаните работи. А нивната листа е многу подолга, бидејќи овој човек почесто ги остварува работите што не ги ветува, отколку оние што ги ветува. Но, ќе одвоиме некои од главните “добрини” што тој неговата власт им ги направиле на Албанците, како и обратно.

(Продолжува)


Во утрешното продолжение:

–          Мајсторот на „некажаното“: Од подемот во опозиција, до освојувањето и зајакнувањето на власта – со антиалбанство

–  ВМРО-ДУИ: Вљубување, Дел 1 (2008-2011)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „добрини“АлбанциветувањаВМРО-ДПМНЕГруевскиДУИСДСМСКОПЈЕСоросТетовоТитоЦрвенковски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Нов гаф на Сиљановска Давкова – го помеша Марко Рубио со Џеј Ди Венс, кого го нарече Ди Џеј

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ