• Latest

Хајредини: Буџетот расте, а средствата за инвестиции се пренаменуваат за тековни трошоци

November 15, 2019

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025

24 ЧАСА: Лидерски самит ЕУ-Западен Балкан во Скопје; Трамп му порача на Маск да ја затвори продавницата и да се врати дома во Јужна Африка; национализмот ја надвладеа борбата против корупцијата во Србија; растат тензиите меѓу Баку и Москва 

July 1, 2025

Шекеринска: Време е да инвестираме во мирот и стабилноста

July 1, 2025

СДСМ алармира – нема лекови на Онкологија, Клековски смирува: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

July 1, 2025

Од Голема блокада до Голема Србија

July 1, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

РЕАКЦИИ: Поддршка за студентите во блокада – време е Вучиќ да падне

July 1, 2025
Фотомонтажа; Скриншот од Влада на РСМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на владата во текот на првата година?

July 1, 2025

За Кос членството во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, Мицкоски очекува секаков инженеринг во ЕП

July 1, 2025
Фото: Скринчот од вифро на каналот Астра на Х

Украински дронови „со хируршка прецизност“ нападнаа руска фабрика на 1.300 км оддалеченост, на Крим уништени скапи руски системи за воздушна одбрана 

July 1, 2025

Самит на ЕУ и Западен Балкан: Седумдесет и пет отсто од договорените реформи со земјите од региoнот се или имплементирани или се во тек

July 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Хајредини: Буџетот расте, а средствата за инвестиции се пренаменуваат за тековни трошоци

„Еве еден пример, кога во цел свет, со право, главна тема е заштита на животната средина, нашата Влада за таа намена издвоила само 2 милиони евра. Бидејќи од 1998 година наваму ние постојано имаме само предвремени избори секогаш во фокусот е да се задоволат оние социјални сегменти кои носат поголем број гласови, а никако други мотиви. Сето тоа е затоа што државните институции немаат административен капацитет за планирање, проектирање и изработка на документација за инвестициони вложувања“, смета Хајредини. 

November 15, 2019 12:00
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ИНТЕРВЈУ
Share on FacebookShare on Twitter

За новиот предлог-буџет на Владата за 2020 година, ребалансот на буџетот и прогресивниот данок, зборуваме со Џевдет Хајредини, финансиски аналитичар и еден од првите министри за финансии во Македонија.

„Да ве потсетам дека сите буџети до сега од страна на СДСМ биле квалификувани како мегаломанско трошење на парите. И сите се согласувавме со тоа, не само СДСМ кога беше опозиција, туку целата јавност се согласи дека безмилосно се трошат парите на граѓаните на Македонија.

Сега сме сведоци дека откако дојде новата влада на Зоран Заев, од година во година, вкупниот износ на буџетот се зголемува. Обидите да се правдаат ваквите постапки со тоа дека сега не се троши безмилосно како порано, би требало да значат дека овие зголемени приходи ќе си трошат поинаку од порано, но и тоа не се гледа бидејќи не растат средствата од буџетот кои се наменети за инвестициски вложувања. Не само што се мали, туку во ниту една година не се остваруваат, па со ребалансот се пренаменуваат за тековни трошоци, кое тие го нарекуваат вложување во човечки ресурси, што, пак е еуфемизам за исплата на тековни трошоци како плати, субвенции и така натаму“, вели Хајредини.

Тој смета дека досега не е остварена ниту една структурна реформа за да се промени структурата на трошењето.

„Ние имаме ситуација која ја нема никаде во светот. Ние имаме единствена влада која што испраќа пари дома на партиски милитанти кои пукаат по плоштади и никому не одговараат. И тоа трае со години. Беше во време на ВМРО, и сега е исто, се со цел да се поддржи коалициониот партнер да добие минимум пратеници на власт“, смета Хајредини.

За прогресивниот данок, неговото одложување и изјавите на министерката за финансии Нина Ангеловска Хајредини вели: „Новата министерка најави огромни промени, студии и така натаму, и сето тоа го очекува да се спроведе со дигитализацијата во сите области од животот, што не е нејзина работа воопшто. Мислам дека во однос на финансиите што е основна грижа на министерката ние не гледаме тука никакви иновации иако се најавени“.

Во однос на прогресивниот данок и неговото одложување, Хајредини смета дека министерката Ангеловска не е во тек со историјата на даноците.

„Прогресивен данок имало и во време на комунизмот. Многу пати до сега е кажано дека даночниот систем треба да биде што поедноставен. Што поедноставна примена за да се избегнат сите можни злоупотреби на системот. Со нивната фамозна дигитализација би требало тоа повеќе да не е проблем. Таа тоа не го објаснува. Таа ни објаснува дека ќе го штити курсот на валутата и депонентите во банките. Тоа се две функции кои се пар екселанс на Народната Банка, а не на Министерството за финансии. Според она што го гледам, сметам дека таа не го познава доволно својот делокруг на работа“, дециден е тој.

Во однос на ребалансот на буџетот Хајредини вели дека две години се повторува истата приказна во однос на неостварување на средствата кои се наменети за инвестиции кои понатаму се пренаменуваат за тековни трошоци.

„Во девет месеци не се остварени една третина од вкупно планираните годишни износи. Па потоа велат дека ќе се интензивираат градежните активности во зимските месеци, што е нелогично, затоа што ако не може да се гради во мај и јуни, како може да се гради во декември? Се уште има многу место за критики бидејќи се повторуваат работите кои порано сме ги критикувале“, нагласува Хајредини.

„Еве еден пример, кога во цел свет, со право, главна тема е заштита на животната средина, нашата Влада за таа намена издвоила само 2 милиони евра. Бидејќи од 1998 година наваму ние постојано имаме само предвремени избори секогаш во фокусот е да се задоволат оние социјални сегменти кои носат поголем број гласови, а никако други мотиви. Сето тоа е затоа што државните институции немаат административен капацитет за планирање, проектирање и изработка на документација за инвестициони вложувања“, заклучува тој.

Маја Ивановска
камера и монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Биљана Јордановска


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 
Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 60.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата. Врз основа на посебен договор за соработка и размена, ниедно ограничување не важи за Слободен печат. 
Доколку некоја содржина е потпишана со ЦИВИЛ Тим за комуникации, тогаш преземањето е дозволено во целост.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за настапот на претседателката на Самитот на НАТО?

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ