• Latest
Харун Церо, политички аналитичар, БиХ

Харун Церо за ЦИВИЛ Медиа: Русија и Србија се најголемата закана за БиХ

May 6, 2025

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Харун Церо за ЦИВИЛ Медиа: Русија и Србија се најголемата закана за БиХ

May 6, 2025 14:03
in ИНТЕРВЈУ, РЕГИОН, ТОП 5
Харун Церо, политички аналитичар, БиХ

Харун Церо, политички аналитичар, БиХ

Share on FacebookShare on Twitter

„Мислам дека најголемиот страв или најголемата закана доаѓа од Русија, од земји како Унгарија, но пред сè од Русија и Србија. Би рекол дека Унгарија е само трето тркало тука, но Русија и Србија се гледаат како најголемите закани“, вели политичкиот аналитичар од БиХ, Харун Церо за ЦИВИЛ Медиа.

Церо, кој долго време работел и како новинар во Ал Џезира, истакна дека медиумите, барем независните  си ја вршат работата, но прашањето е кој навистина ги слуша.

„Медиумите, барем оние делови од медиумите што се слободни, всушност ја вршат својата работа. Знам колку е тешка таа работа, но тие си ја вршат – известуваат за овие прашања, се обидуваат да ги разберат работите, навистина се ангажирани кога станува збор за оваа тема. Но, второто прашање е за важноста на медиумите – кој навистина слуша и кој навистина ги зема предвид нивните извештаи. Исто така и граѓанското општество – има многу дискусии, панели, политички анализи итн. Она што недостасува се протестите, особено од младите.

Имавме протести каде што најголем дел од учесниците беа од постарата генерација, делови од постарата генерација кои на некој начин… имате чувство дека младите се повеќе фокусирани на себе, на своите кариери, на тоа како да ја напуштат земјата – одливот на мозоци е исто така огромен проблем, а нема речиси никаква циркулација на млади луѓе, вели Церо.

Иако свесноста за заканата од Русија и Србија е присутна, сепак работите БиХ треба да ги преземе во свои раце, а не да се препушти само на меѓународата заедница, смета Церо.

„Мислам дека сите се свесни за заканата што доаѓа од Русија или Србија. Ако сега направиме погрешен чекор во смисла на тоа да ги пуштиме работите и целосно да им ги препуштиме на меѓународната заедница – која во моментов не знае што да прави или не е премногу заинтересирана да преземе нешто, особено Европската Унија – да видиме што ќе направат САД. Мислам дека тогаш можеби сме ја изгубиле играта и работите ќе станат многу потешки после тоа – и политички и безбедносно“, додава тој.

Разговорот го водеше: Џабир Дерала
Обработка: Биљана Јордановска
Камера и монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ