• Latest
Фото. МИА

Хастад: За шведското претседателство приоритет е проширувањето на ЕУ

February 5, 2023
Училишта и општински згради беа претворени во мачилишта за украинските цивили | Херсон, 2022 година.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) „Ова е тоа на кое би се предале“: Белешка за руските ѕверства во Херсон, Украина

August 14, 2026

Два јубилеи и една дијагноза

August 14, 2026
Сумска област, Украина, 14 август 2026 (фото извор: Сумска ОВА)

РУСКИ ТЕРОР: Станбена зграда во Краматорск уништена со наведувана бомба, мајка и деветгодишен син убиени во Сумската област

August 14, 2026
Петрит Сарачини, претседател на Институт за медиуми и аналитика (ИМА), Скопје, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Сарачини: Влијанието што го има во Македонија, Србија го користи како чип во играта со Западот

August 14, 2026

Водата се прочистува, но довербата останува загадена: Гостивар по најголемата здравствена криза

August 14, 2026

Путин, криптото и следната будала

August 14, 2026

Мехмети: Охридскиот договор не е привилегија, туку основа за внатрешна стабилност

August 14, 2026
Водителки креирани со вештачка интелигенција - ТВ Хепи

Вештачка интелигенција прилагодена за ТВ „Хепи“ и „Информер“

August 14, 2026
Отец Сергиј Бережној, манастирски комплекс „Св. Михаил“ во Кијив, 23 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Бидете добар Самарјанин за нас: Во што се состои пораката на отец Бережној од Православната црква на Украина до Македонската православна црква

August 14, 2026

ПР-от не може вечно да ја прикрива реалноста

August 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Хастад: За шведското претседателство приоритет е проширувањето на ЕУ

February 5, 2023 15:45
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, РЕГИОН
Фото. МИА

Фото. МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Амбасадорката на Шведска во Тирана, Елса Хастад, изјави дека проширувањето на Европската унија е еден од приоритетите на шведското претседателство, додавајќи дека процесот на интеграција бара многу посветеност и ќе трае долго.

Како што пренесува МИА, таа во телевизиско интервју го потенцираше продолжувањето на спроведувањето на реформата во правосудниот систем во Албанија, како и изборите на 14 мај.

-За нас почетокот на преговорите е многу важен момент и важен камен-темелник во процесот кој ќе трае долго. За Шведска тоа траеше долго време. Значи, знаеме дека е потребно многу работа и многу, многу години. Но, сега кога Албанија ги отвори преговорите, ќе започне вистинската работа. Шведска ја подготвува Албанија 20 години за овој процес и вашиот успех е наш успех, бидејќи чекавме да се случи тоа, изајвила амбасадорката, јави државната агенција, АТА.

Амбасадорката нагласила дека „Шведска 20 години и помага на Албанија, бидејќи наш приоритет е проширувањето“.

-Го поддржавме целиот Западен Балкан. Ставивме на располагање 500 милиони евра за период од седум години само како подготовка за членство во ЕУ. Шведска ќе ја заврши напорната работа заедно со вас. Работиме со агенции и влади за животната средина. Ја подготвивме Албанија за отворањето на поглавјето 27, кое се однесува на животната средина и климатските промени. Ние придонесуваме со нашите експерти. Работиме многу на регионално ниво со медиумите, истражувачкото новинарство, слободата на изразување, што е многу важно да се стане членка на ЕУ. Го поддржуваме и граѓанското општество кое е многу важен дел.

Значи нашата поддршка е политичка, што Шведска ќе го направи за време на своето претседателство, но и со финансирање проекти преку конкретна поддршка, посочила таа.

Откако високо го оценила фактот дека Албанија е меѓу првите земји кои го поддржаа членството на Шведска во НАТО, Хастад рекла дека „среќни сме што ќе и помогнеме на Албанија да стане членка на Европската унија, бидејќи во наш интерес е да ви помогнеме“.

Фокусирајќи се на напредокот на реформите во албанското правосудство, Хастад вели дека „многу работи се направени во реформите во правосудството“.

-Тоа е многу амбициозна реформа. Процесот на проверка, новите агенции, формирањето на СПАК се завршени. Но, мислам дека во очите на јавноста, обичните Албанци, перцепцијата е дека не се случило многу. Мислам дека е многу важно обичните граѓани да имаат пристап до правосудниот систем. Мислам дека не е доволно да се прават реформи кои се многу важни, туку мора да се создаде доверба кај граѓаните. Ја поддржавме реформата во правосудството! Има работа, но мора да се каже дека е многу направено, додаде таа.

Задржувајќи се на локалните избори, што ќе се одржат на 14 мај, амбасадорката оценува дека „изборите се во срцето на демократијата и сите сега ја набљудуваат Албанија“.

-Европа набљудува, Шведска набљудува, бидејќи вашиот напредок е наш напредок. Изборите се исклучително важни. Мојата порака е: Гласајте! Не продавајте го гласот, не купувајте го гласот, не трошете го! Користете го! Локалните избори се многу важни, бидејќи важните одлуки се носат на локално ниво. Во демократијата, потребна ви е активна опозиција, партија во владата, да работиме заедно, за работите да се сменат. Едвај ги чекам овие избори и посветеноста на младите, изјавила шведската амбасадорка во Тирана, Елса Хастад.

Tags: АмбасадоркаЗападен БалканинтеграциирегионТиранаШведска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ