• Latest
Добро утро со Орданоски

Христијан е на колена!

September 17, 2018

24 ЧАСА: ОН алармираат за зачестени напади врз новинари и говор на омраза во Северна Македонија; Власта бара поддршка за ребалансот на Буџетот, за Битиќи е знак дека владата ја изгубила фискалната контрола; Русија продолжува со егзекуции на заробеници

July 2, 2025
Наградно прашање: пронајди го Таче. Фото: Фејсбук страната на Димитар Ковачевски

Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

July 2, 2025

Јанкуловски побара поддршка од пратениците за ребалансот на Буџетот, за Битиќи Владата скицира нереална економска слика

July 2, 2025

ВЛЕН со кривична пријава против раководството на ДЗС одговорно за пописот во 2021

July 2, 2025
Легенда:
Александар Вучиќ, Сергеј Лавров (фото извор: фотографии од Wikipedia)

Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

July 2, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Вечерва ќе си каснам малку од идентитетот, ако останало

July 2, 2025
Фото: СДСМ

СДСМ за изјавата на Кос: Очекувавме еврокомесарката да истакне дека македонскиот јазик и идентитет се јасно потврдени во сите веќе потпишани договори со ЕУ

July 2, 2025
Бесар Дурмиши, министер за економија
фото/ Фб профил

Дурмиши најави ригорозни мерки ако има девијантно однесување од трговците

July 2, 2025
Министерство за надворешни работи на Украина

Украинското МНР предупреди дека одложувањето на воената поддршка на САД само ќе ја охрабри Русија да продолжи со теророт

July 2, 2025
Трагедија во кочанската дискотека Пулс, 16 март 2025 (фото извор: скриншот од снимка на ТВ Кочани)

Со полициска придружба од Кочани се транспортира предметот „Пулс“ до Основниот Кривичен суд Скопје

July 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Христијан е на колена!

September 17, 2018 07:26
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]М[/dropcap]орам да признам дека секој нов ден поминат со политичарот Христијан Мицкоски носи сè поголеми изненадувања. Земете го, на пример, последниот, викендашки антиреферендумски митинг во Штип…

Во еден момент на обраќањето, Мицкоски го направи следното: „Ми велат, никогаш не треба лидерот и претседателот следбениците да го видат на колена. Но, јас имам еден одговор на тоа – ако лидерот не клекне пред луѓето кои ја следат каузата за Република Македонија и за независна Македонија, тогаш не ја заслужува нивната доверба“… И Христијан се тргна од микрофонот и на бината буквално клекна, на колена, пред собраната маса од околу илјада следбеници, со десната рака држејќи се во пределот на срцето, па така клекнат и се поклони.

Технички, ако лидерот – оној кој треба да предводи! – е на колена, „следбениците“ (глагол: да следиш) не можат да тргнат по него, бидејќи одењето на колена не води никаде, освен итно на ортопедија. Затоа и се избегнува како практика во историјата на политиката. На колена клекнувале оние на кои требало главата… како да кажам… насилно да им се одвои од телото, обично со некое остро орудие. Такви клекнувања во историјата имало илјадници. Но, тоа не беше намерата во Штип.

Мислам дека кај штипскиот перформанс на Мицкоски има нешто од желбата да се смени јавната перцепција дека ВМРО-ДПМНЕ, од некаква политичка организација, во последните десетина години израсна во една на криминална корпоративистичка структура и да ѝ се даде ново, „човечко лице“, на скромност, сервилност и покорност пред членството – впрочем, ни на Мартин Протуѓер не му беше текнало да го натера Груевски, барем околу последните избори по кои ја загуби власта, да клекне на колена пред „паствата“ и да им приреди театар во кој тие, членовите на ВМРО-ДПМНЕ, макар за време од една минута, додека би траел тој шоу, би помислиле дека членството е поважно од раководството и дека политиката ја кројат тие, одоздола-угоре… Замислете во таа клекната сцена на Грујо да му се придржеше и Сашо Мијалков! Бесценето!!! Којзнае, можеби уште ќе беа на власт…

Ама тие одбраа во нивно име (и за нивна сметка) да се шири страв, закана, притисоци, уцени, особено меѓу своето членство. Директ од кај Макијавели: љубовта не можете да ја контролирате, но стравот да. Затоа, владетелот треба да владее со ширење ефикасна доза на страв, а не да биде предмет на менливо количество љубов!

Има во тоа и малку современа, македонска социолошка вистина: истражувањата докажале дека авторитарните карактеристики на просечниот македонски хомо политикус се толку големи, што тие своите лидери – меѓу другото – ги посакуваат да бидат груби, по малку и насилни, секако да крадат (во спротивно ги сметаат за будали!), да бидат мачо-ебачи (е не, педери!), со швалерки, виски и бодигарди околу себе… Овдека, воопшто, емпатијата, доброто воспитување и љубезноста често се сметаат како слабост, а не квалитет.

Кај таа маса, особено во ВМРО-ДПМНЕ, ова со клечењево не знам како ќе помине. Да не биде: „Ееееј, овој како да се моли во џамија!?“… „Е, па, ви реков ја дека овој нема да го биде!“

Но, мене ме загрижува што од ден на ден гледаме еден се поескалиран Мицкоски, секој ден потврдоглав од претходниот, а сценаријата за Македонија му се сè помрачни и пофаталистички. Одамна направи (или ја послуша таа) погрешна проценка дека Заев НЕМА да постигне договор со Грција, па се „возеше“ на онаа реторика дека „ние немаме поим што преговараат, тоа е процес што го води владата“, сметајќи дека, кај и да е, кога преговорите ќе пропаднат, тој ќе го собере политичкиот „профит“, а Заев ќе остане губитник кому уште и ќе му ја „посоли раната“ со: „Ви реков јас дека се неспособни и ништо нема да направат!“

Откако договорот, сепак, се случи – да признаеме, на општо изненадување – Мицкоски остана „со прстот в уста“ и наместо ургентно да се свести и да се обиде тој да го земе барјакот на евро-атлантските интеграции на чело на колоната на ВМРО-ДПМНЕ, почна да се инаети, да приговара за мали „офсајди“ кај „судиите“, да бара „влакно во јајцето“… Воопшто, професорот стана плачко кој сè понервозно се заканува да ја тресне таблата со шаховски фигури на земја бидејќи ја губи партијата.

Никој во политиката не станал радикален бидејќи се родил таков. Радикализмот е прашање на процес – на пример, тој процес кај Хорхе сигурно ќе биде тема на идни политиколошки, историски и социо-патолошки истражувања. Но, се плашам дека нашиот лидер на опозицијата секојдневно сè повеќе се радикализира (теориски тоа може да се нарече и „еднострано се политизира“), како резултат на разни растечки фрустрации, кај него уште и помешани со една нота на верска истрајност, како извесна доктринарна тврдоглавост, да не речам прост инает.

Во политиката, тој вид на собрани ирационалности може да биде опасно експлозивна мешавина, чии видливи симптоми се овие „старозаветни“, популистички клечења по митинзи… Потоа следува фазата кога ќе се повика „народот“ да јаде и корења, ако треба, ама „името“ да не се даде! На крајот – Пушки в раце, браќа!

Споредете ја таа растечка ситничавост, изолираност и мрачност на Мицкоски, со надуениот розеникав балон на простодушен, леплив оптимизам на Заев, поддржан од целиот свет…

Заев победува.

 

 


Објавено и во Плусинфо и Слободен печат

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: бојкотВМРО-ДПМНЕколенаМицкоскиреферендум
Share414Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ