• Latest

Хронологија на едно неизгласано НЕ: Патот кон ЕУ е отворен

July 16, 2022
Фото: Фејсбук Орхан Муртезани

Министерот за европски прашања Муртезани го пречека Кошта во Скопје

May 15, 2025

Реакции: „Благодарниците се за да не си даде оставка“; „Катастрофа, за нерешени убиства, пожарот во Кочани, секој ден сообраќајки?“…

May 15, 2025
ФОТО/ Претседател на Собрание на Северна Македонија Африм Гаши

Гаши: До Собранието не е доставена оставка од Таравари, ниту предлог за гувернер на Народната банка

May 15, 2025
Фото: скриншот Х

(Видео) Инциденти меѓу демонстранти и полицијата на влезот на судот во Нови Сад

May 15, 2025

Медиумски takeover ден посветен на важноста на семејството во животот на секое дете

May 15, 2025

Тирана домаќин на европскиот Самит; Ќе присуствуваат 47 лидери од целиот континент

May 15, 2025
Фото: ФБ meKreshnik Bekteshin

Бектеши во куќен притвор

May 15, 2025

Косовските партиски лидери на конултативен состанок кај претседателката Османи

May 15, 2025
Додик/Стевандиќ

Политичка симбиоза во Република Српска: Вето врз одлуките на Претседателството

May 15, 2025
Фото: МИА

Претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта во Скопје на средба со премиерот Христијан Мицкоски

May 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Хронологија на едно неизгласано НЕ: Патот кон ЕУ е отворен

Хронологија на големото неизгласано НЕ за ЕУ, предлози, борби, протести, гласање, бегање од одговорноста...

July 16, 2022 21:03
in АНАЛИЗИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ДИЈАНА ТАХИРИ

По три дена дебата во Собранието денеска се изгласаа заклучоците за европскиот предлог што го понуди француското Претседателство со Советот на ЕУ, за отворање на пристапните преговори на Северна Македонија за членство во ЕУ.

Со 68 гласа ЗА, ниту еден против и ниту еден воздржан, Собранието ги изгласа заклучоците поднесени од СДСМ и ДУИ по расправата за Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори со Европската Унија.

Во заклучоците се бара безусловно почитување на јазичните, идентитетските, културните и историските особености на македонскиот народ. Се задолжува Владата, македонскиот јазик во преговарачката рамка  да биде наведен без какви било додавки и фусности и во текот на преговорите, да не прифаќа да разговара за поинакво решение за македонскиот јазик од тоа наведено во преговарачката рамка.

– Билатералните прашања поврзани со билатералните договори за добрососедските односи кои не се директно поврзани со правото на Европската Унија и со Копенхашките критериуми за членство да не бидат одредници од кои ќе зависи отворањето и затворањето на поглавјата и кластерите во текот на пристапните преговори со Европската Унија, се наведува во заклучоците. Преговарачката рамка да се усвои веднаш на почетокот на пристапните преговори со Европската Унија, пред првата политичка Меѓувладина конференција, се вели во Предлог-заклучоците на Собранието.

Владата, според Заклучоците презема задолженија и кон Собранието, да го информира за конечната Преговарачка рамка и другите документи.

Владата се задолжува да го информира Собранието за конечно усогласената и усвоена Преговарачка рамка и другите документи што ги усвојува Советот на Европската Унија, како и редовно и континуирано да го информира Собранието за текот на пристапните преговори, вклучително и за процесот на скрининг и за одвивањето на меѓувладините конференции за пристапување на земјава во Европската Унија.

Заклучоците ќе бидат вградени и на првата Меѓувладина конференција.

На првата Меѓувладина конференција со Европската унија, Владата на Република Северна Македонија е задолжена заклучоците да ги вгради во изјавата на отворањето на првата Меѓувладина конференција.

Дебатата во Собранието траеше три дена, пропратена со протести организирани од опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица, како и неколку помали вонпарламентарни партии и политички групи пред Владата, Министерството за Надворешни работи и пред Собранието. Дебатата во Собранието се одвиваше во вжештена атмосфера, со говор на омраза од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, и попречување на излагањата на другите пратеници со свирење на вувузели, свирчиња и крајно недолични довикувања кон пратениците што го поддржаа европскиот предлог.

АНТИЕВРОПСКИ ПРОТЕСТИ 

Протестите што траеја за време на собраниската расправа за предлогот, под мотото „Ултиматум – НЕ, благодарам!“ преку кој се бараше отфрлање на европскиот предлог за кревање на ветото од Бугарија и деблокада на интеграциите на државава во Европската унија, беа насилни, со инциденти и експлицитен говор на омраза кон албанската етничка заедница. На протестите беа забележани граѓани со покриени лица, качулки, а освен јајца, тоалетна хартија, бекатон плочки и железни објекти, се фрлаа и молотов коктели. Беа забележани и голем број напади врз полицајците.

Протести, Скопје, 6 јули 2022 г. Скриншот од аматерска видео снимка, објавена на Фејсбук.

На петтиот ден од протестите против францускиот предлог за почеток на пристапните преговори со ЕУ беше избегнат поголем инцидент, откако дојде до судир меѓу демонстрантите и помала група на граѓани кај плоштадот Скендербег.

Инцидент кај плоштадот „Скендербег“ за време на протестите против европскиот предлог

На еден од протестите (13 јули, 2022 година) активисти на Левица донесоа гилотина пред Собрание, пред која поставија хартија на која пишуваше „француски предлог“. Во својот коментар, Дерала го нарече тоа „простачка, груба и отворена закана со смрт“.

Гилотина, поставена пред Собрание од активисти на Левица (антиевроспки протести)

Демонстрантите донесоа и мисирка, алудирајќи на наводниот прекар на премиерот Димитар Ковачевски.

Злоупотреба на животни, антиевропски протести, Скопје, 13 јули 2022 година

ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Дезинформациите и обидите за предизвикување меѓуетнички тензии беа дел од кампањата на опозициските партии ВМРО –ДПМНЕ и Левица. Тие, преку социјалните мрежи и медиумите под нивна контрола ширеа дезинформации, омраза и страв кај граѓаните.

Вечерта на 5 јули, интернет страницата News1.mk објави текст со наслов „(ФОТО) Навивачи на Шверцери – Шкупи протестира на другата страна на Вардар “. Текстот се појави за време на насилните протести против решението на ЕУ за македонско-бугарскиот спор, што се одржаа пред трите македонски институции, Собранието, Владата и МНР.

Ознаката „Дезинформација“ е редакциска и е ставена врз скриншот од насловот и фотографијата на текстот објавен на News1.mk, ноќта на 5 јули 2022

На 12 јули, Твитер профилот Блефер @el_padrino објави старо видео од предизборната кампања за парламентарните избори, придружено со провокативна порака. Според Мониторинг тимот на ЦИВИЛ кој веднаш реагираше на оваа дезинформација, се работи за намерна манипулација со емоциите на луѓето со цел да се предизвикаат омраза и тензии врз меѓуетничка основа.

Ова е само мал дел од дезинформациите што се ширеа за време на дебатата за европскиот предлог во Собранието. Мониторинг тимот на ЦИВИЛ постојано архивираше и објавуваше содржини во кои се разобличуваат дезинформациите во овие две недели.

ГОВОР НА ОМРАЗА 

ЦИВИЛ излезе со соопштение во кое организацијата најостро го осуди насилството и говорот на омраза на протестите што се одржуваа под мотото „Ултиматум, не благодарам“.

ЦИВИЛ ги повикува лидерите на политичките партии да се воздржат од поттикнување и повици за насилни дејствија и  говор на омраза. Со насилство не се решава ништо, а со говор на омраза кон сограѓани, само се поттикнува политичко насилство. Тоа е неприфатливо и спротивно на законите на јавниот интерес.

ЦИВИЛ повикува: Одбијте го насилството и говорот на омраза!, се наведува меѓу другото во соопштението на ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ одржа онлајн настан во живо со учество на тема „Национализмот на политичката улица“, на кој се дискутираше за повеќе аспекти на националистичкиот наратив што стана придружен елемент на актуелните протести против европскиот предлог за пристапни преговори на Северна Македонија за членство во ЕУ. Учесници на панелот беа Националниот координатор за интеркултурализам и едно општество за сите, полковник Сретан Димитриевски од „Гардијан“ – Центар за антитероризам и мир, Пом. министер за внатрешни работи, Тони Ангеловски, Биљана Јордановска и Дијана Тахири од ЦИВИЛ. Настанот го водеа Џабир Дерала и Дехран Муратов од ЦИВИЛ.

Дискусијата се водеше на следните прашања:

  • Дали и каква одговорност имаат инспираторите и организаторите на протестите?
  • Каква е врската меѓу националистичкиот наратив насочен кон меѓуетничките односи во земјата и европското решение за почеток на преговорите со ЕУ?
  • Кои се последиците од етничката омраза на протестите по меѓуетничките односи и демократските процеси во општеството воопшто?
  • Дали и какви мерки преземаат релевантните институции во овој период?

Водителите на панелот се осврнаа и на дезинформациите и говорот на омразата.

ПОДДРШКА 

На 14 јули, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен им се обрати на пратениците во Собранието во рамките на 80 собраниска седница.

„Нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик и ние целосно го почитуваме тоа. Затоа во ревидираниот предлог стои македонски јазик без квалификација од ЕУ“, рече меѓу другото Фон дер Лајен.

Пратениците од Левица, Апасиев и Крмов го прекинаа говорот на Фон дер Лајен и на говорницата оставија лист на кој беше напишано НЕ, и потоа ја напуштија седницата.

ЕВРОПСКИ ПРЕДЛОГ 

Првичната верзија на Европскиот предлог му беше претставен на премиерот Димитар Ковачевски, во пресрет на дводневниот Самит на Европската Унија за Западен Балкан што се одржа во Брисел на 23 јуни 2022 година.

Ковачевски го одби предлогот во своето обраќање на Самитот, образложувајќи ги со следните клучни точки со кои предлогот би бил прифатлив:

  • Чиста формулација за македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет.
  • Историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка.
  • Преговорите помеѓу Северна Македонија и ЕУ мора да почнат пред отпочнувањето на постапката за уставните измени за вклучување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во преамбулата на Уставот.
  • Цврсти гаранции и од Бугарија и од Европската Унија дека Бугарија нема да условува со нови барања, надвор од она што ќе биде договорено во преговарачката рамка и билатералниот протокол кој сѐ уште не е усогласен со Бугарија.
  • Секое решение ќе треба да е консултирано со институциите на Република Северна Македонија.

КОНСУЛТАЦИИ

На 30 јуни, премиерот Ковачевски соопшти дека по одбивањето и дадените образложенија за предлогот, од ЕУ пристигна предлог со идеи кои се однесуваат на нашите јавно изнесени позиции и ставови во однос на спорот со Република Бугарија.

Овој предлог, при чие изготвување се земени предвид нашите позиции и барања, ќе биде ставен на широк консултативен процес. Консултации во следните денови ќе се прават во Владата, со политичките партии, со претседателот на државата, Парламентот, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупна јавност во земјата. По овие консултации ќе се донесе одлука во однос на предлогот, изјави Ковачевски.

По што следеа консултативни средби владините коалициски партнери, дипломатскиот кор,  со граѓанскиот сектор, експертите, медиумите, со лидерот на опозициската ВМРО –ДПМНЕ Христијан Мицкоски, и потоа европскиот предлог беше доставен до пратениците во собранието.

СОБРАНИСКА РАСПРАВА

На 14 јули започна 81 собраниска седница на која започна разгледувањето и расправата за  Информацијата за содржината на европскиот предлог. Седницата беше прекината поради барање од пратеничка од ВМРО –ДПМНЕ за пауза од еден час. Претседателот на Собранието Талат Џафери оцени дека ова е најдемократската можност што може да се случи во законодавниот дом и додаде дека пратеничката бара пауза по погрешен член од Деловникот, но сепак даде едночасовна пауза по која треба да продолжи разгледувањето на единствената точка на дневен ред.

На седницата пред пратениците се обрати претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лејен, и премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски. Обраќањето на Ковачевски беше проследено со свирење на вувузели од страна на пратениците на опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

ЦИВИЛ ја проследи собраниската седница и безбедносните состојби и  тензиите пред Собрание, со Отворено студио и екипа на терен.

Расправата за европскиот предлог продолжи на 15 јуни, до доцна навечер, кога претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина, и ја закажа следната за 16 јуни (сабота).

На денешната собраниска седница, по излагање на неколку пратеници и реплики по нивните говори, пратеничка од ВМРО –ДПМНЕ, по своето излагање кое се состоеше од навреди кон пратениците што го поддржуваат предлогот, побара едночасовна пауза, по што пратениците од опозициските партии кои се против европскиот предлог, ја напуштија седницата.

68 ГЛАСА ЗА, НИТУ ЕДЕН ПРОТИВ

Поддршка за европскиот предлог дадоа СДСМ и дел од коалициските партнери, Нова социјалдемократска партија (НСДП), Партија на пензионерите ( ПП), Партија за европска иднина (ПЕИ), Обединети за Македонија (ОМ),  ДУИ, Алијанса за Албанците, Беса и Алтернатива.

Од ДОМ и ЛДП не дадоа поддршка за предлогот.

Списокот од гласањето на пратениците може да се прочита на следниот ЛИНК.

По завршувањето на собраниската распарав, Владата на денешната седница ги разгледа и ги усвои заклучоците кои денеска ги изгласа Собранието и донесе одлука за одобрување на предлогот на француското Претседателство од 30 јуни 2022 година.

Првата меѓувладина конференција со ЕУ ќе се одржи во вторник, 19 јули 2022 година.

И покрај тензиите, протестите, обидите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица за политичка и општествена дестабилизација, заплашување со „бугаризација“, „бришење на идентитетот“, „бришење на јазикот“ итн. , ниту еден пратеник од овие две партии не гласаше ПРОТИВ.


Преземањето е дозволено според условите на Creative Commons 4.0. 

 

 

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ