• Latest

Иницијатива за меѓународен ветинг: Реакции

August 9, 2024
Фото: Фејсбук Орце Ѓорѓиевски

Скопје гори – Орце си тера предизборна кампања

September 14, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Хаотично заебавање

September 14, 2025

Вината за пожарите Мицкоски ја гледа кај некои центри на моќ во државата, но и надвор, коишто не сакаат оваа Влада да успее

September 14, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Жителка на Трубарево заврши во болница, директорот на ЦУК, полицаец и војник на домашно лекување

September 14, 2025

Наместо политички спинови, Филипче понуди конкретен кризен план по пожарот во Трубарево, мерките да ги прифатат институциите

September 14, 2025

Обвинителството го истражува пожарот во Трубарево

September 14, 2025
фото: Државен инспекторат за животна средина

ВМРО-ДПМНЕ обвинува без докази и аргументи: СДС(М) и ДУИ палат депонии – Филипче:Ова е надвор од секој здрав разум, наместо решенија, се нудат политички оправдувања и спинови

September 14, 2025

ЗНМ со насоки за новинарите за безбедно известување од пожари

September 14, 2025

Ангелов: Цел сме на хибриден напад со пожарите – Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност

September 14, 2025

Меџити: Инспекторите за животна средина се на терен, компанијата поседува важечка дозвола за работа

September 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Иницијатива за меѓународен ветинг: Реакции

August 9, 2024 19:00
in АНТИКОРУПЦИЈА, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународно мониториран ветинг за сите политичари, судии, обвинители, олигарси, но и за приватизација и транзиција во сите 32 години независност – е барањето на ДУИ кои денеска го артикулираа и преку соопштение до јавноста и медиумите.

На овој предлог од ДУИ реагираа од коалицијата на власт, ВЛЕН, ВМРО –ДПМНЕ, како и опозициската СДСМ.

ДУИ – Меѓународно мониториран ветинг за функционерите од сите 32 години независност на државата

Од таму велат дека, за жал, и до ден денес пропаднале напорите за воспоставување на неселективна правда.

„Сите политички интервенции ја доведоа довербата во судството до 2% поради партискиот притисок во сите години по осамостојувањето, од македонските политички партии, кој продолжува и денес со цел воспоставување на селективна правда според партиската агенда.

Затоа, за сите неуспеси и недоверба, време е да се воспостави меѓународно следен ветинг за сите политичари, судии, обвинители, олигарси, но и за приватизација и транзиција во сите 32 години независност“, се наведува во соопштението од Демократската Унија за Интеграција ( ДУИ).

Од таму ги повикуваат политичките партии да се надминат себеси, да престанат со „ловот на вештерки“ и да ја залажуваат јавноста за политички дефокус и заедно да го донесат законот за меѓународно следена верификација на сите обвинувања од осамостојувањето до денес.

ВЛЕН – Политиката не смее повеќе да биде најпрофитабилен бизнис

На предлогот  на ДУИ за ветинг, реагираа од коалицијата ВЛЕН.

Според ВЛЕН, ДУИ иницирала смешни измени на Кривичниот законик, со кои ќе има цел амнестија на бројни случаи за политичка корупција. Тие денеска на прес конференција за медиумите одговорија на предлогот на ДУИ, посочувајќи дека раководството на ДУИ е дел од иницирањето „срамни“ измени на кривичниот законик за амнестија на случаи на политичка корупција.

„Со оглед на фактот дека опозициската ДУИ сака да фрла прашина во очите на јавноста со предлози за меѓународен ветинг на сите политичари во изминатите 30 години, ВЛЕН го реафирмира својот предлог за вистинска борба против политичка корупција.

Ние сме генерација политичари која не млати празна слама туку преминува на дела. Доколку ДУИ навистина сакаше да се справи со политичката корупција имаше цели 22 години власт да преземе конкретни чекори. Напротив, ова инкриминирано раководство на ДУИ иницираше срамни измени на Кривичниот Законик за амнестија на бројни случаи на политичка корупција, изјави на прес конференцијата, портпаролот на ВЛЕН, Фари Хисени.

„Целта на ВЛЕН, е да изградиме Уставен механизам кој ќе ги адресира сите избрани и именувани функционери во законодавната, извршната и локалната власт, кои со незаконско обавување на службена положба стекнале противправна имотна корист.

Политиката не смее повеќе да биде најпрофитабилен бизнис!

Или ќе им служиме на граѓаните и државата во вистинска смисла на зборот или ќе станеме земја на духови. Сите млади ќе заминат и нема да им текне да се вратат.

Затоа, ако ДУИ навистина сака да се расчистат сите случаи на политичка корупција, ама со правосудни последици, а не само со забрана за занимавање со политика, веднаш да се изјасни дали нивните пратеници ќе се потпишат на нашата иницијатива за измени на Уставот која сме силно убедени дека треба да ги обедини сите политички партии во Северна Македонија.

Уставен амандман кој ќе ја приближи Северна Македонија огромен чекор напред во ЕУ интеграцијата.

Хисени понатаму го обзнани предлогот за амандман на коалицијата ВЛЕН, кој гласи:

„Законите можат да имаат повратно дејство и во случаите поврзани со застарување на кривичната одговорност за сторени злоупотреби од страна на избрани и именувани лица при практикување на јавни овластувања со кои е причинета штета на јавните фондови, буџетските средства на централно и локално ниво и со таквите злоупотреби е стекната противправна имотна корист.

Образложение: Со овој Амaндман се дополнува членот 52 од Уставот на Република Македонија. Овој амaндман ќе биде ст.5, ќе следи по ст.4 кој предвидува дека: „законите и другите прописи не можат да имаат повратно дејство, освен по исклучок во случаи кога е тоа поповолно за граѓаните.“

Предложениот амандман ќе биде основ и ќе отвори можност со измени и дополнување со нов член 112-а во КЗ да се предвиди одредба со која евентуалните кривични дела сторени од избрани и именувани лица кои се категоризирани како кривични дела против службената должност, никогаш да не застаруваат. Ова подразбира и проширување на опфатот на конфискација на противправно стекнат имот впишан на трети лица.

Со овој амандман ќе се даде Уставен основ за ревизија на сите правосудни постапки за поранешни или сегашни избрани и именувани лица, кои се прекинати заради застареност на евентуалната кривична одговорност.

Со овој амaндман, впрочем ќе се излезе во пресрет на барањата на граѓаните за обезбедување на владеење на правото, правна сигурност и еднаквост пред законите и правосудните постапки за сите избрани и именувани лица кои на предлог на политичките партии кои извршувале или извршуваат функции во законодавната, извршната и локалната власт, а кои го злоупотребуваат своето влијание и вршат притисоци да ги пролонгираат постапките против нив додека истите не застарат.

Сметаме дека борбата против корупција и потребата на искоренување на страшно лошите навики за политичка корупција и избегнување на правдата со обиди за влијание врз правосудството, е рак – рана на нашето општество и ја прави политиката најомразена професија.“, посочи  Хисени.

ВМРО-ДПМНЕ – Додека народот преживуваше од први до први, Артан Груби договараше подизведувачи по патиштата

И од ВМРО –ДПМНЕ се огласија во соопштение, во кое велат  дека во ДУИ планираат дестабилизација за да се спасат од одговорност за криминалот што го правеле и дека не можат да се помират со тоа што веќе не се владејачка партија поради што нивните блиски повеќе не можат да вртат милионски бизниси на грбот на земјата.

„Додека народот врзуваше крај со крај, синот на Муса Џафери тргуваше струја, а МЕПСО на него и на неколку други фирми им отпиша долг од 14 милиони евра. Додека народот се иселуваше, внуците на Али Ахмети ја преземаа „Соравија“’, влегуваа во бизнисот со струја и во рудници.

Додека народот се чудеше како да преживее од први до први, Артан Груби договараше подизведувачи по патиштата“, се наведува  во соопштението од  ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ – Новата Влада да ги објави 40те препораки и да направи план за нивно спроведување во најбрз можен рок со поддршка од сите политички партии

Со соопштение по повод предлогот на ДУИ за меѓународно мониториран ветинг, се огласија и од СДСМ.

„Во однос на проверката на политичките функционери, СДСМ има воведено стандард како ниту една друга политичка партија во Македонија. Уште на почетокот на 2021 година усвоивме Етички кодекс на СДСМ согласно кој секој функционер за кој има истрага за основано сомнение за корупција беше должен да ги замрзне своите партиски функции до целосно расчистување на случаите. Токму на таа основа и неколку функционери за кои имаше постапки дадоа оставка или ги замрзнаа своите партиски функции, велат од СДСМ.

Од таму потсетија дека за време на Владата која ја предводеше СДСМ, доставиле покана за оценска мисија на Европската комисија врз Судскиот совет како клучен орган во правосудниот систем.

„Владата на СДСМ, со искрена желба да поттикне реформи во правосудството достави покана за оценска мисија на Европската комисија врз Судскиот совет како клучен орган во правосудниот систем. Извештајот од оценската мисија на ЕУ опфаќа 40 препораки кои се однесуваат на мандатот, изборот, разрешувањето, дефиницијата на истакнат правник, контрола на квалитетот на работата, транспарентноста и отчетноста како и комуникацијата со јавноста.

Доколку навистина ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ сакаат да направат искрен чекор кон реформи, најпрво новата Влада да ги објави 40те препораки и да направи план за нивно спроведување во најбрз можен рок со поддршка од сите политички партии.

Што се однесува до реформите во правосудството, СДСМ како што веќе неколку пати повтори, ќе даде поддршка за реформи во правосудството кои ќе бидат поддржани и мониторирани од меѓународната заедница и никако поинаку. Сите реформи во овој сектор мора да бидат направени со цел целосно исклучување на политички влијанија.“, се наведува меѓу другото во соопштението на Социјал Демократскиот Сојуз.

Д. Т.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВетингВЛЕНВМРО-ДПМНЕДУИСДСМ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ