• Latest

Институциите сѐ уште молчат за нападот врз набљудувачот на ЦИВИЛ

November 21, 2017

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Институциите сѐ уште молчат за нападот врз набљудувачот на ЦИВИЛ

November 21, 2017 08:04
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Набљудувачите на ЦИВИЛ често се соочуваат со притисоци и опструкции во текот на изборното набљудување. Набљудувачите на ЦИВИЛ и овие избори беа цел на притисоци, закани и во еден случај и физичко насилство. Поминаа три недели од немилиот инцидент во кој истакнат член на ДУИ среде бел ден физички нападна наш набљудувач.

Токму развојот на случајот на нападот на набљудувачот на ЦИВИЛ, говори дека, кога спроведување на изборите е во прашање,  малку нешта се променети во навиките и дејствувањето на политичките партии.  Иако случајот е пријавен во полиција, а информација е објавена и доставена до ДИК – случајот нема никаква разрешница. Сите упорно молчат за дивјаштвото врз нашиот набљудувач, што воедно е груб напад и врз ЦИВИЛ и целото граѓанско општество, но и врз изборната администрација, бидејќи се работи за политички мотивиран напад во изборен контекст. Но, нема реакција ни од јавноста, ни од обвинителството, а ни од граѓанските организации. Еве краток преглед на настаните поврзани со овој инцидент.

ЗАКАНИ

29 октомври, изборен ден, втор круг

Член на Избирачки одбор отворено им се закануваше на набљудувачите на ЦИВИЛ, поради што тие веднаш беа повлечени околу 12:30 часот. Јавноста за инцидентот беше запознаена еден час подоцна, на прес конференција во 13:30 часот. На прес конференцијата која беше пренесувана и во живо, организацијата ги повика релевантните институции да реагираат. Поточно, ЦИВИЛ ги повика ДИК и МВР да преземат мерки да го санкционираат нападот врз набљудувачите на организацијата, но и да го заштитат изборниот процес во с. Ласкарци воопшто.

Но, освен наспроти силниот одѕив во медиумите, друга реакција немаше. Релевантни интернет порталите и независните телевизии на македонски и албански јазик, ги објавуваа извештаите и изјавите на претставниците на ЦИВИЛ во текот на целиот ден.

ФИЗИЧКИ НАПАД

1 ноември

Вулнет Махмути, акредитиран изборен набљудувач на ЦИВИЛ, физички беше нападнат од Самет Мисими кај кружниот тек во општина Ѓорче Петров, среде бел ден, во 14 часот. Тој го нападнал нашиот набљудувач прво вербално, со навредливи зборови, а потоа го извлекол од автомобил и почнал да го удира. Навредите се однесувале на неговата соработка со ЦИВИЛ и на неговите извештаи од набљудувањето.

Вулнет се јавил во полиција и го пријавил случајот во полициската станица во Ѓорче Петров, откако напаѓачот заминал. Од полиција му побарале лично да дојде во станица и да пријави. По чекање од час и половина, бил детално испрашан. Поради страв и фактот дека напаѓачот е од истото населено место како и Вулнет, тој побарал заштита од полицијата за да може безбедно да стигне дома, но тоа не му било овозможено.

Поради болки во главата и по телото, Вулнет потоа заминал в болница, каде му е издадена соодветна документација.

ПОСПАНОСТ

2 ноември

Иако беше извесно дека лицето кое го нападна нашиот набљудувач е локален партиски функционер на ДУИ во општина Сарај и дека бил член на Избирачкиот одбор на Избирачко место 2447/1, село Ласкарци, се обидовме да добиеме и официјална потврда за тоа од Општинската изборна комисија на оваа општина.

„Сега не можам да ви одговорам. Знаете многу сме зафатени околу изборите и заглавив до доцна. Ме барате во време кога спијам. Би требало членовите на Избирачкиот одбор да се истакнати на огласна табла во Општината“, беше одговорот на претседателот на Општинската изборна комисија за општина Сарај.

Во ДИК нѐ посоветуваа да им испратиме писмена информација за настанот, на кој нема одговор ни по три недели.

Истиот ден, ЦИВИЛ излезе со соопштение во кое најостро го осуди овој насилнички чин и категорично побара од институциите на државата да ја заштитат жртвата на нападот, но и неговото семејство од понатамошни притисоци и закани по нивната безбедност.

До сега, нема одговор, ниту од институциите, а ниту од ДУИ, чиј член изврши физички напад врз изборен набљудувач.

ИСКАЗ

14 ноември

Две недели по инцидентот, Вулнет нѐ информира дека на 13 ноември го побарале од полиција. „Вчера ме контактираше инспекторот и ми побара копија од лекарските наоди, поради фактот што сведоците, како и напаѓачот, изјавиле дека само вербално сум бил нападнат, со навредливи зборови, но немало физички контакт. Во моментот чекам потврда за пријавен случај, за да можеме да влеземе во судска процедура“ – ни раскажа Вулнет.

(НЕМА) ЕПИЛОГ

Сѐ уште нема реакција, ниту одговор од Државната изборна комисија и Министерството за внатрешни работи, првенствено на повикот на ЦИВИЛ да се преземат мерки, иако задоцнети, за начинот на спроведување на изборниот процес во село Ласкарци.

И сѐ уште се чека одговор од ОИК Сарај дали напаѓачот на Вулнет е член на ИО за избирачко место 2447/1, село Ласкарци. Тој факт е непобитен, бидејќи ЦИВИЛ дојде до документ кој тоа го потврдува, но официјален одговор, секако, нема.

Можеби институциите не разбираат, но напад на набљудувач на ЦИВИЛ, не само што е напад на организацијата, туку е напад и врз нив и врз сите надлежни институции инволвирани во изборните процеси. Ако не им е јасно, токму ДИК е таа што ги овластува сите набљудувачи, домашни и странски за денот на избори. Одговорност мора да има. И не е изговор тоа што членот на Избирачкиот одбор го извршил нападот по изборите, бидејќи вербален напад имаше и на денот на гласањето, на 29 октомври, а физичкиот напад два дена подоцна е последица од гневот на членот на ИО поради ангажманот на набљудувачот, а не поради нешто друго.

Случајот е отворен. На потег се институциите.

Биљана Јордановска

Tags: 2447/1ДИКДУИИзбирачки одборЛаскарциМВРмониторингнабљудувачнасилствоОИКопштинаполицијаСарајЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ