• Latest

Набљудувач на ЦИВИЛ нападнат среде бел ден!

November 2, 2017
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Набљудувач на ЦИВИЛ нападнат среде бел ден!

November 2, 2017 12:50
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Среде бел ден, лицето С.М., истакнат член на ДУИ во општина Сарај, физички нападна активист и член на ЦИВИЛ. Инцидентот се случи вчера, на 1 ноември, во близина на кружниот тек во Ѓорче Петров, во 14 часот. ЦИВИЛ спроведе сериозни проверки на теренот и верификација на сите податоци, побара и писмена изјава од својот набљудувач и ја обезбеди потребната документација за инцидентот.

ЦИВИЛ констатира дека напаѓачот е член на избирачкиот одбор во с. Ласкарци, а причината за нападот врз нашиот член е токму тоа што тој беше набљудувач, акредитиран од Државната изборна комисија и овластен од ЦИВИЛ, за набљудување на локалните избори на избирачкото место каде што напаѓачот бил член на избирачкиот одбор.

Уште на денот на гласањето, на 29 октомври, напаѓачот отворено им се заканувал на набљудувачите на ЦИВИЛ, поради што тие беа повлечени, а јавно, на прес конференција, релевантните институции беа повикани да реагираат. Имено, во текот на изборниот ден, на 29 октомври, во 13:30 часот, ЦИВИЛ ги повика ДИК и МВР да преземат мерки да го заштитат изборниот процес во с. Ласкарци. Дали тоа се случи, немаме повратна информација, но вчерашниот напад доволно кажува како стојат работите.

Напаѓачот го забележал нашиот набљудувач во Ѓорче Петров во текот на вчерашниот ден и дивјачки го нападнал со тупаници, по што нашиот набљудувач се здобил со повреди констатирани од здравствена установа. Случајот е пријавен во полиција во текот на вчерашниот ден.

ЦИВИЛ ја информира јавноста дека се работи за напаѓач кој е влијателен член на владејачката партија ДУИ, кој се дрзна среде бел ден да го нападне нашиот набљудувач, само затоа што одговорно ја вршел својата задача како акредитиран набљудувач на Државната изборна комисија и овластен член на мониторинг тимот на ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ најостро го осудува овој дивјачки чин и категорично бара од институциите на државата да го заштитат нашиот член и неговото семејство од понатамошни притисоци и закани по нивната безбедност.

Напад на член на ЦИВИЛ е напад на целата организација! Воедно, тоа е и напад на Државната изборна комисија и воедно претставува груб напад на целиот изборен процес и демократијата воопшто.

Tags: ДИКДУИИзбирачки одборизбориМВРнабљудувачнасилствоЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ