Претседателот Иванов директно ѝ се обрати на јавноста, бара доказ за мнозинство од 61 пратеник, националниот сервис без пренос од директното обраќање!
Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, по денешните консултации и се обрати на нацијата, и ја извести дека ќе и го довери мандатот на онаа коалиција и партија, која ќе обезбеди доказ дека има мнозинство на пратениците во Собранието на Република Македонија, во согласност со членот 90 на Уставот на РМ.
„Со други зборови тоа значи, прво потврда и доказ за мнозинство, па мандат за составување влада“, рече Иванов.
Објаснувајќи зошто му го доверил мандатот на ВМРО ДПМНЕ и Груевски, претседателот се повика на досегашната пракса, и на неговото уставно право да биде слободен во толкувањето. Иванов потети дека дал заклетва, и дека ќе постапува во согласност со интересите на граѓаните на Република Македонија.
„Сите опции остануваат отворени“, рече Иванов во своето обраќање.
Обраќањето на Иванов беше пренесувано во живо на неколку национални телевизии. Невообичаено, обраќањето на претседателот не беше пренесено на јавниот сервис МТВ1, ниту пак на националнтие телевизии Сител и Канал 5.