• Latest

Иванов: Граѓаните од „За заедничка Македонија“ да не се третираат како терористичка организација

November 28, 2017

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Иванов: Граѓаните од „За заедничка Македонија“ да не се третираат како терористичка организација

November 28, 2017 22:00
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За настаните од 27 април одговорност мора да има, но одговорноста не смее да се генерализира, мора да се почитуваат човековите права и презумпцијата на невиност, и да се внимава на квалификациите на кривичните дела, изјави претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов во своето обраќање до јавноста на 28.11.2017 во 19:15 часот.

„Ја поддржував и сега ја поддржувам граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ која повеќе од два и пол месеци, на мирен и достоинствен начин ја искажуваше грижата за националните интереси на Република Македонија. Граѓаните кои се сплотија и ја демонстрираа идејата за заедништво не се и не можат да бидат третирани како терористичка организација“ – рече Иванов.

Тој изрази загриженост за политичкиот реваншизам, од јавната администрација, до судско-полициските случаи, со што, според него, „се внесува страв и несигурност што доведува до состојба на тензии и политичка дестабилизација“.

„Во услови кога не очекува исполнување на многу преземени обврски за консолидација на општеството, како и на планот на евро-атлантската интеграција, целата енергија треба да е фокусирана кон градење консензус за национален дијалог и исполнување на реформите“ – рече тој и повтори дека со реваншизам и демонстрација на сила, се генерира поларизација на општеството, состојба во која, како што рече, „не можеме да очекуваме напредок во реформските процеси“.

Иванов повика на разумно и одговорно однесување на сите надлежни институции кои мора да ги почитуваат Уставот и законите на Република Македонија и рече дека секој е одговорен за своите постапки и свесен за последиците кои произлегуваат од нив: „Граѓаните на Република Македонија очекуваат решенија, а не проблеми. Граѓаните очекуваат поголема благосостојба и просперитет. Сите политички субјекти треба да служат за остварување на тие интереси на граѓаните.“

Иванов оцени дека „нема ништо потрагично и поопасно од меѓумакедонскиот судир“. „Секогаш кога сме биле поделени, други нѐ окупирале, раселувале, преименувале и однародувале, заклучи Иванов.

 


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: 27 априлЃорге Ивановобраќањеподдршкаподелбиполитикапрезумпција на невиностпретседателреформитероризам
Share7TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ