• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Амбициозен план на Албанија за членството во ЕУ; СПАК со уште едно обвинение за Велиај; Не успеа ниту 20-от обид за конституирање на косовското собрание

May 23, 2025
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Амбициозен план на Албанија за членството во ЕУ; СПАК со уште едно обвинение за Велиај; Не успеа ниту 20-от обид за конституирање на косовското собрание

May 23, 2025 13:58
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во интервју за балканската телевизиска мрежа „Инсајдер“, известувачот за Албанија во Европскиот парламент, Андреас Шидер, ја оценува политичката волја на Албанија за интеграциски реформи, пренесуваат албанските медиуми.

Во Косово се продлабочува политичката криза, дваесеттиот обид за конституирање на собранието, не успеа, јавуваат косовските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски избор на ЦивилМедиа од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Јава њуз: Албанија со амбициозен план за членство во ЕУ

Во интервју за балканската телевизиска мрежа „Инсајдер“, известувачот за Албанија во Европскиот парламент, Андреас Шидер, ја оценува политичката волја на Албанија за интеграциски реформи, пренесе Јава њуз.

„Албанија има амбициозен план не само за отворање на групните поглавја, туку и за нивно затворање до 2027 година. Морам да кажам дека процесот на отворање на поглавјата е важен, но нивното затворање е уште поважно. Спроведувањето реформи е уште потешко, но Албанците се многу политички посветени на побрзо движење напред“, рече Андреас Шчидер, известувач за Албанија во ЕП.

Клан: СПАК поднесе уште едно обвинение против Велиај

Специјалното обвинителство објави дека ставило превентивна заплена врз уште еден имот за кој постои сомневање дека го користеле градоначалникот Ерион Велиај и неговата сопруга, Ајола Ѕоѕа.

Станува збор за стан во областа Селита, кој, според СПАК, е регистриран на име на компанија.

Со запленувањето на овој стан, обвинителството вели дека докажало уште еден случај на прикривање имот, за кој се товари Ѕоѕа, и го додало ова обвинение и на градоначалникот, пренесе Клан.

КОСОВО

Повиците на Калас не дадоа резултати, парламентарниот застој во Косово продолжува

Уште еден обид, 20-ти по ред, за конституирање на Собранието повторно не успеа. Немаше ништо ново ниту овој петок. Движењето Самоопределување немаше бројки, а седницата беше одложена за следните 48 часа, пренесува Репортери.

ВВ продолжи со своите напори за промена на формуларот за гласање за избор на претседател на Собранието во тајно гласање, но не доби поддршка.

Апелот на главната дипломатка на Европската Унија, Каја Калас, до парламентарните партии да соработуваат за деблокирање на политичкиот ќорсокак не донесе никаква промена.

Газета експрес: Над 60 граѓански организации бараат итно решение за блокадата на Собранието: Кризата ги премина сите толерантни граници

Група граѓански организации реагираа на блокирањето на конституирањето на косовското собрание. Овие организации велат дека институционалната криза што следеше по изборите на 9 февруари 2025 година ги премина сите толерантни граници и штети не само на Собранието, туку и на функционирањето на целиот демократски и институционален систем на земјата.

„Сегашната влада, чиј мандат заврши, продолжува да дејствува без парламентарен надзор и контрола, ситуација што е неприфатлива за демократска држава.“

„Од друга страна, нефункционалното Собрание го спречува донесувањето на важни закони и стратешки одлуки што директно влијаат врз животот на граѓаните, загрозувајќи ја институционалната стабилност, економскиот развој и довербата на граѓаните во демократското претставување. Сегашната блокада го одложува и го загрозува приемот на средства од Планот за раст на ЕУ, во време кога мерките наметнати од ЕУ и речиси целосното суспендирање на американските средства значително ја намалија финансиската поддршка за Косово.“, пренесе Газета експрес.

КОЛУМНА

Коха: „Лениновиот тест за проширување“

„Од руската инвазија на Украина, ЕУ ја препозна важноста на проширувањето како нејзина „најважна геополитичка инвестиција“. ЕУ, според зборовите на Ленин, се согласува дека „поминале децении каде што ништо не се случило“, но сега сака да нè убеди дека проширувањето живее во тие „недели каде што се случуваат децении“.

Дали ЕУ ќе го положи овој Ленинов тест или не, останува нивна работа. Наше е да си ја завршиме работата и да не ја пропуштиме оваа можност што е пред нас. Ако го изгубиме и ова, ќе мора да почекаме уште неколку децении Ленин.“, пишува Авторот Демуш Шаша, во колумната „Лениновиот тест за проширување“, објавена во косовскиот дневник Коха.

Подготви: Д. Тахири

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ