• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Германија ги повика Србите да ги отстранат барикадите

December 29, 2022
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Германија ги повика Србите да ги отстранат барикадите

December 29, 2022 10:31
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Утринските изданија на медиумите на албански јазик во регионот се во знакот на барикадите. Падна барикадата на граничниот премин Мердаре. Посебно внимание предизвика повикот на германската влада до Србите во северниот дел на Косово, да ги отстранат барикадите.

БОТА СОТ – Последните случувања на север, Германија со повик: Србите да ги отстранат нелегалните барикади

Германската влада ги повика косовските Срби да ги отстранат барикадите и да се вратат во институциите на Косово, пренесува косовксиот медиум Бота Сот.  Портпаролот на германското Министерство за надворешни работи Кристоф Бургер на редовната прес-конференција во Берлин изјави:

„Многу сме загрижени поради тензиите на северот на Косово. Нелегалните барикади што ги поставија косовските Срби мора да бидат отстранети што е можно поскоро, а вчерашното блокирање на граничниот премин Мердара од Србија уште повеќе ја влошува ситуацијата“.

ИНФОКУС: Се очекува денеска да бидат отстранети барикадите на север

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по средбата со претставниците на Србите од Косово, изјави дека утрово ќе почне отстранувањето на барикадите.

Вучиќ вели дека за 24 или 48 часа барикадите ќе бидат отстранети, пренесува косовски Инфокус.

Отстранувањето на барикадите ќе започне пред пладне, тоа не може да се направи за два часа, дали за 24 или 48 часа, барикадите ќе се отстранат, но недовербата останува“, рече Вучиќ.

БАЛКАНВЕБ: Отстранети првите барикади на српската страна во Мердаре

Барикадата која се наоѓаше на два километри од граничниот пункт во Мердаре, на територијата на Србија, е отстранета во денеска наутро, соопшти тимот на Радио Слободна Европа лоциран на местото на настанот, објави косовската редакција на Радио Слободна Европа од терен, а пренесе БалканВеб.

Ослободувањето на патот го потврди и косовската полиција.

КОХА: Косовската полиција со детали за палењето на камионите кои служеа како барикади на север

Косовската полиција соопшти детали за запалувањето на два камиони на северот на земјата. Врз основа на соопштението, полицијата соопшти дека рано утринава било пријавено дека на локацијата наречена„Шкемби и Дудес“ („Карпата на Дуда“) во северна Митровица биле опожарени два камиони, кои се наоѓале кај барикадата, објави скопскиот интернет весник Коха.

Полицијата соопшти дека освен материјална штета нема пријавено повредени, додека случајот се истражува.

ГАЗЕТА ЕКСПРЕС: Денеска се протестира за бојкотирање на српските производи

Студентите на Универзитетот „Хасан Приштина“, поточно на Факултетот за образование, денеска ќе протестираат, со цел да се зголеми поддршката за бојкотирање на српските производи, објави косовскиот портал Газета Експрес.

Д. Тахири

 

Tags: барикадиГерманијакамиониКосовоотстранувањеполицијаПротестиСрбија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ