• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Корупцијата како најголема безбедносна закана за Албанија; Во Феризај уапсени двајца шпиони на БИА; Косовското собрание со свечена седница за Тони Блер

June 6, 2024

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
Скриншот од видео на WLOS ABC 13 News

Русија се врати на масата на Г20, Европа возврати со бојкот: Бесент му порача на Силуанов – нема економско олеснување додека трае војната

September 1, 2026

Две години ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Секојдневен граѓански форум со ЦИВИЛ, гласно и бескомпромисно

September 1, 2026

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Корупцијата како најголема безбедносна закана за Албанија; Во Феризај уапсени двајца шпиони на БИА; Косовското собрание со свечена седница за Тони Блер

June 6, 2024 11:35
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Центарот за проучување на демократијата и владеењето го објави националното истражување Безбедносен барометар 2024 година, според кое, повеќето граѓани сметаат дека корупцијата е најсериозната закана за безбедноста на Албанија, пренесуваат албанските медиуми.

Косовската полиција вчера  во Феризај уапси две лица, косовски Албанци,  кои се осомничени за шпионажа и соработка со Тајната служба на Србија „БИА“, известуваат косовските медиуми.

Во продолжение се поместени сите содржини од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

АЛБАНИЈА

ВОА- Безбедносен барометар: Се зголемува перцепцијата за корупцијата како најголема закана за безбедноста на Албанија

Во Тирана, Центарот за проучување на демократијата и владеењето го објави националното истражување Безбедносен барометар 2024 година, според кое, повеќето граѓани сметаат дека корупцијата е најсериозната закана за безбедноста на Албанија.

Во студијата на CSDG, со поддршка на Фондацијата Фридрих Еберт, се вели дека од година во година се зголемува бројот на граѓани кои ја истакнуваат корупцијата како најсериозна безбедносна закана. Во 2024 година е 45 отсто, во 2022 година изнесува 39 отсто, додека во 2020 година изнесува 37 отсто. Оваа година, речиси 22,5 отсто од испитаниците сметаат дека корупцијата е втора најголема закана, пренесе ВОА на албански јазик.

Телеграфи: Опозицијата денеска протестира пред Собранието

Опозицијата денеска протестира пред Собранието, а во исто време ќе се одржи и пленарната седница.

Во периметарот на парламентот се поставени камери со висока резолуција за да се идентификуваат движењата на демонстрантите, јавува Телеграфи.

КОСОВО

Репортери: Двајца албанци шпиони на БИА се уапсени во Феризај

Косовската полиција вчера  во Феризај уапси две лица кои се осомничени за шпионажа и соработка со Тајната служба на Србија „БИА“, пишува онлајн весникот Репортери.

Специјалното обвинителство на Косово соопштува дека по повеќемесечни истраги, денеска во соработка со косовската полиција и КИА, извршило рации на две локации во Косово и уапсило две лица со косовско државјанство, осомничени за сторено кривично дело шпионажа.

Бедри Шабани и Мухарем Ќерими се лицата беа уапсени под сомнение дека шпионирале за српската разузнавачка агенција БИА.

Еден од уапсените, Бедри Шабани, бил цариник во 90-99 година, додека по војната продолжил да ја врши функцијата цариник во периодот на администрацијата на УНМИК на Косово, пренесува Телеграфи.

Зери: Собранието на Косово со свечена седница за Тони Блер

Претседателството на Собранието на Косово денеска ќе го одреди датумот за свечената седница на која пред пратениците ќе се обрати поранешниот британски премиер Тони Блер.

Се уште не е објавен точниот датум на посетата на големиот пријател на Албанците, но голема е веројатноста тој да биде присутен на 12 јуни, на денот на ослободувањето.

Претседателството на состанокот од 11:00 часот ќе го закаже продолжението на седницата од недовршената точка на 28.03.2024 година – гласањето за формирање на Анкетна собраниска комисија за постапки за набавки со преговарање без објавување на огласот. во министерството и во централното јавно претпријатие, пренесе Зери.

РТВ 21: ЕУЛЕКС велат дека „не билe контактирани од Министерството за надворешни работи за случаите на апсења од Србија“

Мисијата на ЕУ за владеење на правото, ЕУЛЕКС, рече дека нема директна вмешаност во ниту еден од случаите на апсење на косовски граѓани од страна на Србија.

Канцеларијата за информирање на ЕУЛЕКС во писмен одговор за РТВ21 соопшти дека не е ни вклучена во последниот случај на апсењето на Тефик Мустафа. Последниот беше уапсен од српските власти на 1 јуни на граничниот премин меѓу Косово и Србија, во Мердаре, под обвинение дека е вмешан, како што се вели, во воени злосторства како поранешен припадник на ОВК.

КОЛУМНА

Коха: Европски избори

„Се плашам дека, иако новиот Европски парламент ќе остане поддржувач на процесот на проширување, подемот на десницата ќе изврши значителен јавен притисок врз европскиот политички центар. Центарот иако ќе го преживее овој притисок на јавноста, дефинитивно ќе биде оштетен од него. Јавниот притисок континуирано ќе го еродира европскиот центар и ќе го обврзува на политички компромиси во различни области на власт.

И на крајот, верувам дека најважното нешто што мора да го запазиме во рамките на конституирањето на новите европски институции е кој ќе биде наследник на Оливер Вархели. При назначувањето на новиот комесар за проширување ќе ја разбереме сериозноста и посветеноста на земјите членки за процесот на проширување.“, пишува авторот Демуш Шаша во колумната „Европски избори“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири

 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ