• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Маратонска седница во албанското собрание за изборни реформи; опожарени две општински возила во Звечан; Дачиќ не дозволува екстрадиција на Радоичиќ во Косово, не ја признава државата

July 26, 2024

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Маратонска седница во албанското собрание за изборни реформи; опожарени две општински возила во Звечан; Дачиќ не дозволува екстрадиција на Радоичиќ во Косово, не ја признава државата

July 26, 2024 10:07
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Албанското собрание денеска повторно ќе заседава,  по вчерашната маратонска седница. Набиен дневен ред се очекува да има и денешната пленарна седница на која на денешниот дневен ред е да се одобри Новиот Изборен законик, чии измени се по договорот меѓу ДП и СП, јавуваат албанските медиуми.

Запрашан за барањето на премиерот на Косово за екстрадиција на Милан Радоичиќ на Косово по нападот во Бањска, министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, рече дека тоа не е можно бидејќи Србија не ја признава независноста на Косово, пренесоа косовски медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

Албеу: Денеска маратонска седница во Собранието, се очекува гласањето на договорениот нацрт закон за Изборната реформа

Собранието денеска повторно ќе заседава,  по вчерашната маратонска седница. Набиен дневен ред се очекува да има и денешната пленарна седница на која на денешниот дневен ред е да се одобри Новиот Изборен законик, чии измени се по договорот меѓу ДП и СП.

Согласно измените во законот за Изборниот законик, листата на пратеници нема да биде целосно отворена. 1/3 ќе биде затворена и исклучива за претседателот на партијата и нема да подлежи на преференцијално гласање, јавува Албеу.

Топ Чанел: УНЕСКО ги одобри одлуките за Бутринт, Ѓирокастро и Берат, одлуката за Охрид се одложува за следната година

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, на состанокот во Њу Делхи, Индија, во четвртокот ги одобри одлуките за албанските центри за светско наследство, Бутринт, Берат и Ѓирокастро и ја одложи одлуката за албанско-македонското прекугранично подрачје на Охридското Езеро до следната година.

Во одлуката за Бутринт, УНЕСКО бара од албанските власти да достават карта на имотните граници на Бутринт, кои пред две години беа променети од албанската влада, без знаење и одобрение на УНЕСКО.

Во одлуката, УНЕСКО вели дека „жали што сè уште се чека разјаснувањето на границите на имотот и неговата тампон зона и бара од Албанија да достави, како прашање на приоритет, јасна и точна карта на која е прикажана границата на  имотот на светското наследство и границата на тампон зоната која ќе биде разгледана од Центарот за светско наследство“, пренесе Топ Чанел.

КОСОВО

РТК: Опожарени се две возила на општина Звечан

Две возила на општина Звечан изгореле попладнето, а повредени нема.

Вршителот на должноста директор на полицијата за северниот регион Ветон Елшани соопшти дека инцидентот се случил околу 01:40 часот.

„Од пожар се оштетени две возила на општина Звечан. Се сомнева дека се работи со подметнување пожар, додека повредени нема“, рече Елшани.

Според него, полицијата работи на расветлување на случајот, пренесе РТК.

РТВ 21: Екстрадиција на Милан Радоичиќ на Косово, Дачиќ: Не ја признаваме независноста на Косово, екстрадицијата не може да се врши во Србија

Запрашан за барањето на премиерот на Косово за екстрадиција на Милан Радоичиќ на Косово по нападот во Бањска, министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, рече дека тоа не е можно бидејќи Србија не ја признава независноста на Косово , пренесува ТВ21.

Дачиќ рече дека сите преговори на Косово ги прави српската МВР со ЕУЛЕКС.

КОЛУМНА

Коха: Лекциите на Бизмарк

„Што ги прави лидерите лидери? Што ги прави посебни? Зошто историјата зачувала уникатно место за некои поединци, додека други закопале длабоко во гробиштата на времето? Зошто меѓу милиони Французи токму Наполеон успеа да победи во трката за врвот?

Токму вакви прашања се обидува да одговори историчарката Маргарет Мекмилан во книгата „Луѓе на историјата“. Сликата што ни ја отсликува Мекмилан за лидерите на историјата, страница по страница, не е едноставна и убава слика.

А всушност, не мора ни да биде така. Животот на лидерите не е едноставен и убав. Лидерите мора да бидат благородни, но мора да бидат и измамнички. Мора да имаат принципи, но мора да бидат и флексибилни. Тие мора да бидат дарежливи, но мора да бидат и немилосрдни.“, пишува авторот Демуш Шаша, во едиторијал  на Коха, „Лекциите на Бизмарк“.

Подготви: Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ