• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата протестира пред градското собрание на Тирана; Во Хаг продолжува судењето за Тачи и другите; Косово да ја преиспита својата стратегија со сојузниците

June 4, 2024
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата протестира пред градското собрание на Тирана; Во Хаг продолжува судењето за Тачи и другите; Косово да ја преиспита својата стратегија со сојузниците

June 4, 2024 12:13
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Тирана денеска опозицијата протестира пред Градското собрание за заштита на Театарот, а полицијата со засилено присуство се грижи за безбедноста на демонстрантите и граѓаните, по минатиот протест на кој беа употребени молотови коктели, јавуваат албанските медиуми.

Во Хаг денеска  на затворена седница  седумдесеттиот сведок го продолжува своето сведочење на во Специјализираниот суд  на Косово (DhSK), слично како во понеделникот, известија косовските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

АЛБАНИЈА

Топ Чанел: Протести на опозицијата пред градското собрание на Тирана, државната полиција го објави планот за мерки

Албанската државна полиција презеде организациски и оперативни мерки за гарантирање на јавниот ред и безбедност, по најавата од опозицијата за протести денеска  во 10:00 часот пред Градското собрание на Тирана.

Во спроведување на планот на мерки, Државната полиција соопштува дека од 09:30 часот па натаму, ќе има привремена блокада на циркулацијата на возилата, на главниот булевар кај општина Тирана.

За време на неколку претходни собири, одржани од Алијансата за заштита на театарот, на плоштадот пред градското собрание на Тирана, повторени случаи на противење на полициските сили, употреба и фрлање молотови коктели и други предмети, во правец на Градското собрание на Тирана, се снимени како сериозно ги загрозуваат животите и здравјето на полицајците, медиумските работници и самите учесници во собирите, пренесе Топ Чанел.

Газета Шќип: 20 градови во Албанија ќе се следат со камери 24 часа

Дваесет градови во Албанија  ќе бидат опремени со систем за паметни камери со цел да се зголеми безбедноста на заедницата, да се заштити животот и приватниот имот и да се следи сообраќајот на патиштата.

Градовите утврдени да бидат дел од проектот „Паметен град“ МВР во соработка со државната полиција ги избра врз основа на степенот на криминалитет што го поседува.

Проектот за паметно следење со камера на 20 градови ќе чини вкупно 60 милиони евра, каде значителен дел од вредноста ќе обезбедат Обединетите Арапски Емирати, пренесува Газета Шќип.

КОСОВО

Газета Експрес: Седумдесеттиот сведок го продолжува исказот на затворена седница во Специјалниот суд

Седумдесеттиот сведок го продолжува своето сведочење на затворена седница во Специјализираните совети на Косово (DhSK), слично како во понеделникот.

Според резимето што го прочита претставникот на ЗПС, обвинителот Џејмс Пејс, во понеделникот се вели дека сведокот е член на Демократската лига на Косово (ЛДК) и кој тврди дека е приведен заедно со уште едно лице и претепан, пренесува Газета Експрес.

ВОА – Аналитичари: Косово треба да ја преиспита својата стратегија со сојузниците за консолидација на својата државност

Недостигот на поддршка за приклучување кон Советот на Европа е најновиот пример за тешкотиите и неизвесностите околу консолидацијата на позицијата на Косово во меѓународната заедница, како и односите со неговите сојузници.

Познавачите на случувањата во Косово изјавија за Гласот на Америка дека Косово и неговите сојузници треба да ја преиспитаат сегашната стратегија, која се фокусира на дијалогот и договорите што произлегуваат од него.

Експертот од Школата за напредни меѓународни студии на Универзитетот Џон Хопкинс, Едвард П. Џозеф, вели дека косовските лидери треба да се откажат од политиката на поделби со меѓународната заедница и српската заедница на Косово.

Владата на Косово треба да се фокусира на заштита на стратешките интереси на Косово, на нивно унапредување, а не на некои политички интереси кои го делат и поларизираат општеството и создаваат популистичка клима, влошување на односите со косовските Срби и зголемување на тензиите со нив. Тоа е сосема погрешен пристап. Прашањето на динарот беше огромна грешка. Целосно фијаско. Има и други провокативни акции…и мора да престанат. Советот на Европа е важна можност и Косово не треба да ја пропушти“, посочи Џозеф, пренесе Гласот на Америка на албански јазик.

КОЛУМНА

Панорама: Дали ирационалноста е еден вид реалност во Албанија?!

„Сè повеќе нерационалностите  се гледаат со рационална логика, бидејќи тие се сметаат за индикатори, од каде се гледа реализацијата на некои идеи и случувања, кои не се гледаат со голо око или со рационални проценки, каде што е се повеќе  вклучено и мислењето на истражувачите.“, пишува авторот Бен Андони во колумната „Дали ирационалноста е еден вид реалност во Албанија?!“, објавена во Панорама.

Подготви: Д. Тахири

 

 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ