• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Протести против Курти и германскиот амбасадор во Косово, Берлинскиот процес и Западен Балкан, почина просветителот проф. Аднан Агаи

December 22, 2022

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Протести против Курти и германскиот амбасадор во Косово, Берлинскиот процес и Западен Балкан, почина просветителот проф. Аднан Агаи

December 22, 2022 12:16
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

КОХА: Србите на северот на Косово ќе протестираат против Курти и германскиот амбасадор Роде

Таканаречениот кризен штаб на северот на Косово, формиран од локални Срби, ги покани граѓаните на протест што ќе се одржи во денес во Рудар, општина Звечан.

Претставниците на овој штаб најавија дека организацијата на овој протест е поврзана со неодамнешните изјави за барикадите на премиерот на Косово, Албин Курти, кои ги сметаат за закана, како и на германскиот амбасадор во Косово, Јоерн Роде.

Косовскиот премиер Албин Курти во интервју  за Гардијан пред неколку  денови изјави дека отстранувањето на барикадите на север не може да ги исклучи жртвите.

Дури и германскиот амбасадор во Приштина, Јорн Роде, говорејќи за најновата ситуација создадена на северот на Косово, рече дека барикадите треба да се отстранат до Божиќ, а барањето на Белград за враќање на српските сили на Косово е апсурдно и неприфатливо, јавува косовскиот медиум КОХА.

ЈАВА ЊУЗ: ЕУ – Западен Балкан во време на невреме

„Заедничкиот регионален пазар, договорен во рамките на Берлинскиот процес, не може да биде златното решение за државите од регионот, бидејќи Западен Балкан зависи од трговијата и странските директни инвестиции кои потекнуваат од ЕУ во многу поголема мера отколку од меѓу Веди трговија. Сепак, тоа треба да се смета како подготвителна платформа за членство во ЕУ. Искуството на земјите од Централна и Источна Европа ни покажува дека по влезот во ЕУ, размената меѓу нив во стоки и услуги се зголемила за околу 50%. Горе-долу истата логика важи и за нашиот регион, во случај материјализацијата на Заедничкиот регионален пазар да биде придружена со инвестиции во меѓусебното поврзување на инфраструктурата, енергијата и животната средина.“, пишува меѓу другото во анализата „ЕУ – Западен Балкан во време на невреме“   од Дитмир Бушати.

Почина проф. Аднан Агаи, еден од најголемите просветители на образованието на албански јазик во земјава

Во вторникот вечерта почина еден од најзначајните  просветители на образованието на албански јазик  во земјава, проф. Аднан Агаи.

Проф. Аднан Агаи е познат како еден од најдостојните претставници на образованието на албански јазик од повоениот период до неговото пензионирање, уживајќи почит како воспитувач и еманципатор на генерации, давајќи им не само знаење и љубов кон предметот што предавал, мајчиниот јазик, но и кон националните и универзалните човечки вредности. Својот придонес во областа на образованието го збогатил и како автор на учебници и големи речници албанско-македонски и македонско-албански, во коавторство со неговата сопруга, проф. Кимете Агаи: „Читачка книга за к. V“ (1971, препечатено пет пати), „Речник на сопствените имиња“, Албанско-македонски речник (1996), македонско-албански речник (1999), „Лексикон на странски имиња и фрази“ па дури и соработник во сценариото за ТВ филм, „Игра на буквите“. Агаи е добитник на признанието  за особен придонес во афирмацијата на образованието на албански јазик во Република Македонија (2006 година), наградата на 13 ноември (2016 година), а во 2018 година за март 7 – Денот на албанското образование.

Д. Тахири

Tags: Аднан Агаиалбански јазикБерлински процесЕУЗападен БалканКосовопросветителПротестиСрби
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ