• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Сè уште се затворени граничните пунктови кај Јариње и Брњак, одложена е ескалацијата меѓу Косово и Србија

December 30, 2022

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Сè уште се затворени граничните пунктови кај Јариње и Брњак, одложена е ескалацијата меѓу Косово и Србија

December 30, 2022 11:02
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во денешните изданија на албанските медиуми во регионот преовладува ситуацијата со барикадите на северот на Косово и предвидувањата за наредната година во однос на евентуалната ескалација на ситуацијата. Досега е отстранета само една од трите барикади, таа во Мердаре, а двата гранични пунктови Јариње и Брњак сè уште  се затворени. Според директорот на белградскиот Центар за меѓународни односи и безбедност Игор Новаковиќ, ниту следната година не очекува да се постигне договор помеѓу Србија и Косово.

ИНА: Двата гранични пункта Јариње и Брњак сè уште  се затворени

Косовскиот националнен центар за гранично управување соопшти дека во петок наутро продолжуваат да бидат затворени двата гранични пункта Јариње и Берњак, пренесе косовскиот медиум ИНА.

БОТА СОТ: Ескалацијата меѓу Косово и Србија е одложена, но што ќе се случи во 2023 година според српскиот директор за безбедност

Директорот на белградскиот Центар за меѓународни односи и безбедност (Фондот ИСАК), Игор Новаковиќ, не е оптимист како европскиот посредник за дијалогот Мирослав Лајчак дека договор меѓу Србија и Косово може да се постигне следната година, пишува во косовскиот дневник Бота Сот.

ТОП ЧАНЕЛ: Политички превирања 2022 година, кој беше најкулминантниот  настан за годината што ја оставаме зад нас

„На крајот на годината  Албанија се соочи  со невиден сајбер напад, каде што сите владини системи беа хакирани и непристапни. На 7 септември Еди Рама ги прекина односите со Иран, обвинувајќи го за одговорност за овие напади и протерување дипломати од Тирана. ДП повторно е шокирана кога на сцената се појавуваат информации дека е финансирана од руски пари.“ извадок од ретроспективата на Топ Стори на албанскиот медиум Топ Чанел.

Лајм: „Збогум до следната криза предизвикана од искусниот градител на барикади“

„Се чини дека шоуто заврши. „Врховниот началник“ за подигање на барикадите дал наредба тие да бидат отстранети од утрово. Но, „врховниот началник“ на барикадите на средба со криминалци, шверцери и злосторници во Рашка предупреди на следната криза: „Знам дека нашиот народ никогаш нема да биде задоволен додека не биде јасно дека живее во Србија, а не во друга земја“, извадок од колумната „Збогум до следната криза предизвикана од искусниот градител на барикади“ од Енвер Робели, објавена во македонскиот медиум Лајм.

ИНДЕКС -Касами со своја уста признава: Секако дека сме против евроинтеграциите

„Лидерот на Движењето Беса пред денови го услови гласањето на уставните измени со одржување на предвремени парламентарни избори, со што се израмни на иста линија со Левица и ВМРО-ДПМНЕ.

Политичкиот гнев на Касам ги надминува сите граници и за да ја исполни амбицијата да дојде на власт, тој е подготвен да ја жртвува европската иднина на земјата со тоа што не ги поддржува потребните интегративни процеси.“, извадок од едиторијалот  “Касами со своја уста признава: Секако дека сме против евроинтеграциите“ на македонскиот медиум ИНДЕКС.

Д. Тахири

 

Tags: АлбанијабарикадиБрњакескалацијаЕУЈарињеКасамиКосовоСрбија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ