• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Средбата Рама – Сунак со имигрантите на средина; се одмотува клопчето околу скандалот со „Престиж ресорт“; Американската комора бара приклучување на Косово во „Отворен Балкан“

March 24, 2023

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Средбата Рама – Сунак со имигрантите на средина; се одмотува клопчето околу скандалот со „Престиж ресорт“; Американската комора бара приклучување на Косово во „Отворен Балкан“

March 24, 2023 12:35
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

На средбата на премиерите на Велика Британија и Албанија, Риши Сунак и Еди Рама, меѓу другото се договараше за составување заеднички тим за проценка на капацитетите на албанските затвори. Аферата со уривањето на „Престиж  ресорт“ добива нови контури – правната директорка на „Хисенбелиу груп“ вели дека лиценцата за градење ја издал Рама. По средбата во Охрид, Американската комора бара од Косово да се приклучи на „Отворен Балкан“.

Ова се дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

ТВ Клан – Опинион: Рама-Сунак, имигранти на средина!

„Премиерот Еди Рама и британскиот премиер Риши Сунак се согласија заеднички тим меѓу Велика Британија и Албанија да изврши проценка на капацитетите на албанските затвори, процес што ќе биде завршен до крајот на април со цел враќање во сите дефинирани албански државјани во затворскиот систем на Обединетото Кралство“, ова беше еден од договорите постигнати на средбата меѓу премиерот Рама и неговиот британски колега Риши Сунак во Лондон, за која, меѓу другото, пренесе албанската  ТВ Клан.

Балкан Веб: Од уривањето со тритол до конфискацијата во „Престиж ресорт“ / Правната  директорка на „Хисенбелиу груп“ : Градежната дозвола ја дал Рама паралелно со договорот за закуп …

„Правната директорка на „Хисенбелиу груп“, Фолијона Пуравели во студиото на емисијата „Лог“. на ТВ Панорама вели дека сите згради на „Престиж ресорт“ се лиценцирани, дури и онаа што се урна со тритол, но и двете што беа одземени пред два дена.

Пуравели направил и хронологија на историјата на одморалиштето, кое потекнува од 1996 година и до 2016 година кога градежната дозвола ја дал самиот премиер Рама.“, пренесе Балкан Веб.

КОСОВО

Коха: По Охридскиот договор, Американската комора бара Косово да се приклучи на „Отворен Балкан“

„Американската стопанска комора на Косово го поздрави договорот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, постигнат на 18 март во Охрид, Северна Македонија, и побара од Владата Косово да се приклучи на иницијативата на Албанија, Северна Македонија и Србија за заеднички регионален пазар.

„Американската комора силно верува дека договорот ќе отвори можности за економски развој на двете земји, подобрување на размената на стоки и услуги. Сè додека двете земји не ја потврдат посветеноста на спроведувањето на сите минати договори, Американската комора го повторува својот повик до Владата на Косово да се приклучи на иницијативата на Албанија, Северна Македонија и Србија за заеднички регионален пазар.“, пренесе Коха.

Газета Експрес -Амбасадорот Ховениер: Косово, шампион во верска слобода

„Чест ми е да се приклучам на персоналот на Амбасадата во Приштина на ифтар, по повод светиот месец Рамазан. Косово останува шампион на верската слобода, една од многуте важни вредности што ги применуваат нашите две земји“, напиша Ховениер на Твитер.“, пренесе косовскиот дневник Газета Експрес.

Епока е Ре: Пред 24 години НАТО го запре етничкото чистење на Косово

Потпретседателката на ПДК, Влора Читаку, потсети на 24-годишнината од интервенцијата на НАТО, нагласувајќи дека Алијансата дејствувала за човештвото и го запрела етничкото чистење на Косово, пренесе косовскиот портал Епока е Ре.

КОЛУМНА

ИНА – Скандалот „Маѓар Телеком“: отфрлена пресудата за Унгарците; Соучесниците од РМВ имаат ред да дадат сметка

„Согласно одлуката на американскиот регулатор (бидејќи немаше друг излез пред фактите на американската влада), Унгарците беа осудени, затоа што платиле милиони евра мито на највисоките функционери на владејачките партии, со цел да го задржат својот монопол на пазарот на мобилни телефони.

Но, ако некој е осуден за поткуп, здравиот разум бара сега да бидат казнети и оние кои го примиле овој поткуп. Иако не знаеме кој го иницирал овој коруптивен случај, тие што дале или тие што добиле, едно е сигурно: за танго се потребни двајца, па нема поткуп освен ако има две страни.“, извадок од колумната „Скандалот „Маѓар Телеком“: отфрлена пресудата за Унгарците; Соучесниците од РМВ имаат ред да дадат сметка“, од авторот Арбен Фетаи, објавена во македонската новинска агенција на албански јазик ИНА.

Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Престиж ресорт“албански медиумиизборКосовоОтворен БалканРамаСунак
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ