• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Во недела нови избори за градоначалник на Химара; Се бара долгорочно решение за платите на рударите од Трепча

August 1, 2024

ЗАПОЧНАА ЛИ БЕГСТВАТА? Прекинат летот на Вулин кон Москва

November 3, 2026
petar bogojeski

Реакции по дискриминаторските родови пораки на Богојески, коалициски партнер на Мицкоски

November 3, 2026

Афера Алта банка – партиски реакции: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

(ИНФОГРАФИК) Америка гласа: 210 милиони регистрирани гласачи, 57 милиони предвремени гласови, 470 места во Конгресот, изборен процес од 12 милијарди долари

November 3, 2026

Избори од речиси 12 милијарди долари: Маск вложи 474 милиони, Трамп во судска битка поради обвинувања за изборни измами

November 3, 2026

Аферата Алта банка се продлабочува: Стечај во Белград, 380 милиони евра под истрага и непријатни прашања за политичките актери

November 3, 2026

СДСМ поднесе интерпелација за Иван Стоилковиќ: Спорни политички настапи и однесување во Собранието

November 3, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

[РЕПРИНТ] Нема бесплатен ручек, сѐ има да се плати!

November 3, 2026
Протести во Тирана, 3 ноември 2026

Протестите во Албанија не стивнуваат: Студентите не отстапуваат од барањето за оставка на Рама

November 3, 2026
РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИТЕ | Днипро, 3 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Во недела нови избори за градоначалник на Химара; Се бара долгорочно решение за платите на рударите од Трепча

August 1, 2024 11:50
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

На 5 јули, државниот комесар за избори на јавниот состанок по испитувањето на документите донесе одлука да се прогласи за неважечки и да се смета дека мандатот на градоначалникот на Химара, округ Валона, Алфред Белери, предвреме  е прекинат.

Со оваа одлука беше ставен во сила претседателот на Републиката кој со указ го објави датумот на делумните избори кои ќе се одржат на 4 август, оваа прва недела од овој месец за општина Химара, јавуваат албанските медиуми.

Повикувајќи се на соопштението на Самостојниот синдикат на рударите Трепча (СПМТ), иако е крајот на јули, на рударите не им се исплатени платите ниту за месец јуни.

За ваква ситуација, која се случуваше и во минатото, потребно е да се најде долгорочно решение и соработка и разбирање меѓу страните, реагираат од Центарот за стратешки судски случаи на Косово, пренесоа косовските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

АЛБАНИЈА

Јава Њуз: На изборите во Химара ќе гласаат над 22 илјади граѓани на 36 избирачки места

Химара има 36 избирачки места и Зонска изборна комисија. Општината брои повеќе од 22 илјади гласачи, кои на 4 август се повикани да изберат меѓу двајца кандидати кои ги поддржуваат вкупно 11 политички партии.

На 5 јули, државниот комесар за избори на јавниот состанок по испитувањето на документите донесе одлука да се прогласи за неважечки и да се смета дека мандатот на градоначалникот на Химара, округ Валона, Алфред Белери, предвреме  е прекинат.

Со оваа одлука беше ставен во сила претседателот на Републиката кој со указ го објави датумот на делумните избори кои ќе се одржат на 4 август, оваа прва недела од овој месец за општина Химара, пренесе Јава Њуз.

Телеграфи – „Вашингтон пост“ пишува за имигрантскиот камп во Шенѓин: Тоа ќе донесе економски бум во сиромашното подрачје

Во долга статија „Вашингтон пост“ пишува за многу коментираниот договор меѓу Италија и Албанија, за сместување имигранти во центар во Шенѓин, споменувајќи ги премиерот Мелони и Рама.

Таму се вели дека отпатувале во Шенѓин за да го посетат кампот, но не им било дозволено да влезат, додека комуницирале со жителите. Според нив, мештаните ја поздравиле изградбата на овој камп, бидејќи тоа би помогнало во економскиот раст.

Медиумите велат дека првите имигранти требало да бидат згрижени до утре, но очигледнo, изградбата  се уште не е завршена, пренесува Телеграфи.

КОСОВО

Бота Сот: Се бара долгорочно решение за платите на рударите од Трепча

Центарот за стратешки судски случаи изрази загриженост за доцнењето на платите на рударите од рудникот „Трепча Ш.А“.

„Во времето кога претпријатието „Трепча Ш.А“ треба да цели кон одржлив развој како претпријатие од посебно и витално значење за социјалната благосостојба на работниците и општиот јавен интерес, работниците од ова претпријатие не уживаат во своето време,  ниту платата, како основно право кое е загарантирано со сите локални и меѓународни правни акти. Повикувајќи се на соопштението на Самостојниот синдикат на рударите Трепча (СПМТ), иако е крајот на јули, на рударите не им се исплатени платите ниту за месец јуни. За ваква ситуација, која се случуваше и во минатото, потребно е да се најде долгорочно решение и соработка и разбирање меѓу страните“, се вели во реакцијата, пренесе Бота Сот.

Зери: Извештај на ИРИ: Високите цени и невработеноста најголемите проблеми на Косовците

Меѓународниот републикански институт (ИРИ) го објави извештајот за Косово за месец мај 2024 година, во кој се покажува дека најважниот проблем со кој се соочува нашата земја се трошоците за живот или високите цени, како и невработеноста.

На прашањето на ИРИ до анкетираните  „кој е најважниот проблем со кој се соочува нашата земја денес? А кој е вториот најважен проблем?“, одговорите се следни: 33 отсто од нив се изјасниле дека главен проблем се трошоците за живот и високите цени, за разлика од 32 отсто кои тоа го навеле како втор проблем. Генерално, 65 проценти се изјасниле дека овие два се главните проблеми, пренесе Зери.

КОЛУМНА

Лајм: Хероите на магариња, на македонските Албанци!

„Лидерите на албанските партии во РСМ, во ништо не се разликуваат едни од други, и не се водат од никакви национални идеали или интереси. Сите тие подлежат само на инстинктот за политички опстанок, по секоја цена.

Македонските политичари ова го читаат како нивна единствена стратегија за ‘преживување’ – што ја практикува првиот човек на ДУИ две децении – па и сега ги игнорираат, па дури и се потсмеваат на овие ‘албански патриоти’.

А знаејќи дека албанскиот владетел попрво би ја напуштил својата куќа отколку владата, денешниот премиер на Македонија не ги сфаќа сериозно предлозите за Академијата, ниту пак оние на задоцнетиот херој на магаре – шефот на ДУИ – за кантонизирање на земја.“, пишува Авторот Ким Мехмети, во колумната „Хероите на магариња, на македонските Албенци!, објавена во македонскиот портал Лајм.

Подготви: Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ