• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Вучиќ во братство со Русија, албанската азбука и Уставот, децениските контроверзии со пристаништето во Драч

November 18, 2022
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026

ВОЈНАТА СÈ ПОБЛИСКУ – Црното Море, бојно поле пред портите на НАТО: Дронови потопуваат бродови, Бугарија бара одговори од Москва и помош од НАТО и ЕУ

October 13, 2026

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Вучиќ во братство со Русија, албанската азбука и Уставот, децениските контроверзии со пристаништето во Драч

November 18, 2022 12:00
in AL-PRESS, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ГАЗЕТА ЕКСПРЕС: Вучиќ го предизвикува западот, го брани руско – српското братство

Во знак на отпор кон повиците на Западот да се избере меѓу Москва и Западот, српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека братските односи на неговата земја со Русија не можат да бидат уништени и дека Белград никогаш нема да се урне под притисок. Вучиќ ја даде изјавата за време на средбата со Турко Даудов, советник на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, пишува во вчерашниот Oп/Eд „Вучиќ го предизвикува западот, го брани руско-српското братство“ во Газета Експрес, Косово.

Вучиќ се сретнал со Даудов во Белград, па дури и позирал облечен во традиционална чеченска облека, која му била дадена на подарок.

„За нас, рускиот народ е братски народ, а историјата тоа го докажа многупати низ вековите. Затоа, руско-српските односи не можат да бидат уништени со никаков притисок“, изјавил Вучиќ.

АЛМАКОС: Алфабет, име, транскрипција

„Во пресрет на одбележувањето на „22 Ноември – Денот на албанската азбука“ и во екот на дебатите за отворањето на Уставот, во преден план за разумноста од вклучувањето на Бугарите во Уставот на Република Северна Македонија, повторно се наметнува актуелноста на прашањето за отстранувањето на нумеричките термини поврзани со албанскиот јазик.

Тука треба да се споменат два важни моменти, во врска со Денот на азбуката и Уставот на РСМ.

Првиот момент: Помеѓу датумите 14 ноември – 22 ноември 1908 година, во градот Битола се одржа академска конференција за стандардизација на азбуката на албанскиот јазик, бидејќи пред конгресот албанскиот јазик беше претставен со шест или повеќе азбуки, не сметајќи ги подваријантите. Вториот момент: Уставот на Република Северна Македонија од 1991 година, кој често беше детектиран како генератор на кризи, но и со последните измени на Уставот – кога се смени името на државата, дискриминацијата не се подобри кога се во прашање Албанците и фактот што албанскиот јазик остана дефиниран со терминот „20 проценти““, пишува во колумната од Сејди Демири „Алфабет, име, транскрипција“.

ТОП ЧАНЕЛ: Што не е во ред со течението на проектот за пристаништето во Драч

Главна тема на политичката сцена во Албанија деновиве беше контроверзниот проект за пристаништето Драч, проследен со големи дебати и прашалници. Пристаништето Драч е најголемото во Албанија и меѓу најважните на Јадранското и Јонското море.

„Од 2015 година, Албанија има закон за стратешки инвестиции и од тогаш доделени се околу 30 статуси стратешки инвеститори во областа на туризмот. Ниту еден од овие инвеститори не добил пренос на сопственост за едно евро цели 99 години, но не и вечна сопственост“ – се вели меѓу другото во дебатната емисија „Топ стори“ на Топ Чанел, Албанија.

„Инвестицијата што ја прави во проектната област не е на нивоата за кои се вели дека е 2,1 милијарда евра… ако ги погледнеме финансиските табели, ќе видиме дека за првите седум години компанијата ќе заложи 161 милион евра, каде 80 милиони се свои, а 80 е наменет да ги добие од банкарски институции. Ако го пресметаме, добиваме 23 милиони евра годишно. Останатите пари ќе се соберат со продажба на становите“ – нагласија учесниците во „Топ стори“.

Д. Тахири

Tags: албанска азбукаВучиќДрачПутинРусија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ