• Latest
Фото: Скриншот

ИЗБОРИ ВО КОСОВО: Курти фаворит; ексклузивни детали за гласањето

February 5, 2025

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ИЗБОРИ ВО КОСОВО: Курти фаворит; ексклузивни детали за гласањето

February 5, 2025 16:26
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

В недела на 9 февруари во Косово се одржуваат парламентарни избори. Право на глас имаат вкупно 2 милиони 75 илјади 868 гласачи.

Според податоците на ЦИК, бројот на граѓани со право на глас на избирачките места во Косово е 1 милион 970 илјади 944 гласачи, додека бројот на граѓани кои се пријавени за гласање надвор од Косово е 104 илјади 924 гласачи. Но, колку македонски државјани со двојно државјанство имаат право да гласаат на изборите на 9 февруари во Косово?

Од Централната изборна комисија на Косово, за Фронтлајн велат дека немаат бројка на државјани на Севрна Македонија со двојно државјанство, бидејќи на тој начин не ги идентификуваат гласачите.

„Не, ние не ги идентификувавме на тој начин“, изјави за Фронтлајн, Валмир Елези, портпарол на Централната изборна комисија на Косово.

Но, тој ги сподели со нас бројките на граѓани кои ќе гласаат во амбасадата на Косово и на оние кои ќе гласаат по пошта (гласачи регистрирани во странство).

„165 е вкупниот број, во кој се вклучени и гласачите регистрирани за гласање по пошта. Во меѓувреме, во Косовската дипломатска мисија во Скопје ќе гласаат 55 гласачи“, рече Елези.

Но, во Македонија многу е поголем бројот на граѓани кои на денот на изборите ја преминуваат границата со Косово и имаат право на глас поради двојно државјанство.

Според неофицијални податоци, брифирани од експоненти на политичките партии во земјава, бројот на потенцијални гласачи со државјанство од Северна Македонија кои гласаат на Косово може да биде уште поголем, бидејќи повеќето од оние кои имаат и косовско државјанство гласаат директно во Косово.

Гласачките центри во косовските дипломатски претставништва за изборите за Собрание на Косово, кои ќе се одржат на 9 февруари 2025 година, според Централната изборна комисија се во следните земји: Австралија, Австрија, Белгија, Чешка, Данска, Франција, Германија, Холандија, Унгарија, Италија, Канада, Хрватска, САД, Црна Гора, Северна Македонија…

Нано Ружин

Нано Ружин – универзитетски професор и поранешен амбасадор во НАТО вели дека иако актуелниот премиер на Косово, Албин Курти е фаворит, трката ќе биде интересна.

– Во секој демократска земја, изборите се еден вид отворен простор за политички промени, за победи или на опозицијата, или на партијата или на коалицијата, ако е на власт. Според моите сознанија, партијата на Курти е фаворит, но се преипоставува дека таа нема да има доволен број на гласови во парламентот за да создаде еднопартиска влада, и се очекува дека оваа партија може да биде победник, но најверојатно ќе треба да влезе коалиција со друга политичка партија, се претпоставува дека тоа е партијата на Рамуш Харадинај, така што во овој миг многу е тешко да се каже дека ќе дојде до смена на власта, но дека партијата на Курти има најголеми можности да добие најголем број на седишта во парламентот, а понатаму евентуално да направи коалицијана влада со некоја од помалите политички партии, изјави Ружин за Фронтлајн.

На изборите на 9 февруари на Косово вкупно ќе се натпреваруваат 27 политички партии.

Од нив, 19 се политички партии, пет коалиции, две граѓански иницијативи и еден независен кандидат.

Извор: Фронтлајн / Дестан Јонузи

Tags: избориКосово
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ