• Latest
Фото: Архива

Израелската војска нареди нова евакуација во јужниот дел на Газа, предизвикувајќи евакуација на Европската болница

July 2, 2024
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ

Израелската војска нареди нова евакуација во јужниот дел на Газа, предизвикувајќи евакуација на Европската болница

July 2, 2024 11:49
in ВЕСТИ, КОНФЛИКТИ, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: Архива

Фото: Архива

Share on FacebookShare on Twitter

Израелската војска вчера издаде нови наредби за евакуација на областите во јужниот дел на Газа, вклучително и источниот Кан Јунис и Рафах. Ова ги принуди жителите, многумина веќе раселени, да најдат ново засолниште, што укажува на можноста за уште една копнена операција, пренесе Си-Ен-Ен.

Европската болница Газа во Кан Јунис, една од последните болници на територијата, е во зоната на евакуација. Според заменик-директорот на болницата и лекарите, тие префрлиле пациенти, вклучително и оние на интензивна нега и бебиња во инкубатори, како и медицинска опрема во други болници „во страв од крвопролевање“.

„Тоа е хаотична сцена и многу тешка и страшна“, изјави д-р Салех ал Хамс, заменик директор на европската болница Газа во Кан Јунис, за Си-Ен-Ен. Ова е негова трета евакуација, рече тој.

Во понеделникот, Палестинската Црвена полумесечина (PRCS) објави дека итното одделение  во болницата Ал Амал во Кан Јунис било преплавено со повреди откако пациентите биле префрлени од Европската болница по израелската воена наредба за евакуација на областа Ал Фухари. PRCS соопшти дека болницата примила и пациенти од болницата Насер, која на сличен начин била пренатрупана со пациенти од Европската болница.

Во посебна изјава, неколку часа по првичната наредба за евакуација, израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека наредбата „не се однесува на пациентите во Европската болница или медицинскиот персонал што работи таму“.

„Нема намера да се евакуира Европската болница“, се вели во соопштението на ИД.

Израелската војска ги повлече своите копнени сили од Кан Јунис во април по неколкумесечни жестоки борби кои оставија голем дел од градот во урнатини.

Во вторникот, портпаролката на палестинската агенција на ОН за бегалци УНРВА, Луиз Вотериџ, која моментално се наоѓа во Газа, рече дека агенцијата гледа „масовно“ движење на луѓе од зоните за евакуација по најновата наредба на израелската војска. Агенцијата соопшти дека очекува околу 250.000 луѓе во зоните за евакуација да ја напуштат областа.

Во меѓувреме, израелските напади и гранатирање на Кан Јунис продолжија, при што најмалку осум лица загинаа, а 32 се повредени во текот на ноќта, според болницата Насер.

Д. Т.

Tags: ГазаевакуацијаИзраелнапад
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ