„Израел ќе го избрише Хамас од лицето на Земјата откако деца беа живи запалени и главите им беа отсечени“, изјави израелски министер за Скај њуз. Израелскиот министер за економија Нир Баркат истакна дека воената операција ќе продолжи се додека не се појават „бели знамиња“ и додека нема „поумерена“ замена за милитантната група која управува со Појасот Газа.
„Штотуку слушнавме за 40 млади момчиња, некои од нив беа живи запалени, на некои им беа отсечени главите, некои беа застрелани во глава“, нагласи министерот, мислејќи на масакрот во Кфар Аза. „Целата земја е обединета за да го отстраниме Хамас од овој свет. Сите милитанти, целата инфраструктура, луѓето кои го поддржуваат Хамас… Ќе ги избришеме“, рече тој.
Доаѓаме да ги убиеме милитантите, а сите цивили треба да се тргнат на страна. Ако не се тргнете настрана и доколку овозможите засолниште за милитантите на Хамас, вие го ризикувате својот живот. Не сакаме да повредуваме невини луѓе“, додаде тој.
Израелскиот министер го спореди Хамас со ИСИС и рече дека нивните напади се пример за „она што сакаат да му направат на Израел, на сите Евреи“.
„Израел ќе ги елиминира овие приврзаници на ИСИС од лицето на Земјата. Ова е наш 11 септември, ова никогаш повеќе нема да го дозволиме“, заклучи Баркат.
Г. Т.