• Latest

Ех, да бех…

April 21, 2017

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Ех, да бех…

April 21, 2017 14:07
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Ех, да бев во новото мнозинство од 67 или 69 пратеници, сеедно…. Без оглед на пучот што го спроведува претседавачот со конститутивната седница на Собранието на Република Македонија, Трајко Велјаноски, без оглед на тивкиот државен удар на човекот што ја узурпира институцијата Претседател на Републиката, Ѓорге Иванов, без оглед на наредбите на нивниот бос (според европратеникот Флекенштајн)… Граѓанките и граѓаните на Македонија веќе ќе го знаеја составот на новата влада, ќе ги знаеја новите министри, заменици, клучни раководители во окупираните институции… Овие луѓе веќе ќе беа на терен. Не „Влада во сенка“, ами Влада – на сонце, на ачик. Време за да се направи тоа секако имаше, оти од 11 декември поминаа четири месеци. 

Пишува: Петрит Сарачини

Секојдневно, со нивните тимови кои треба да ги предводат процесите на ослободување и ревитализирање на институциите и државата, овие претставници на новата власт ќе организираа средби со медиумите и со граѓаните, ќе ги прозиваа узурпаторите, ќе им ги поништуваа и кинеа симболично пред јавноста нелегалните одлуки, а наместо нив, ќе ја нудеа пред граѓаните директно новата визија, решенијата и одлуките во нивните ресори, кои ќе помогнат за надминување на конкретните маки и проблеми на луѓето.

Ќе ја натерав пропагандната машинерија на власта – началниците, буреците, сармите, сирењарите, бетмените, киклопите и другите медиумски слуги на МВРО, да дебатираат за новите функционери и новата влада, за нивната способност, за нивните предлози… Макар и „на нивен начин”, да ги плукаат, напаѓаат, клеветат и навредуваат без осет и усул, како што правеше власта на ВМРО-ДПМНЕ во изминатава деценија (и прават сè уште) со стотици граѓани, активисти, новинари, интелектуалци, научници, јавни личности, кои, без оглед дали се работи за припадници на опозициските партии или само луѓе кои мислат поинаку од власта, само поради несогласувањето со власта, се соочуваа со хајки, насилство, напади, омраза против нив…

Со тоа, сепак, и покрај валканиот терен, на кој и онака играме повеќе од една деценија, ќе се дебатираше за нешто што е реално, а не за имагинарни опасности, како „Тиранската платформа“ „федерализацијата“, „кантонизацијата“, „албански јазик во Струмица“, „пет илјади евра за незнаење албански јазик за Македонците“ и слични глупости… Ќе диктирав јавна агенда, и немаше да дозволувам јавноста и мнозинството граѓани да „трчаат” зад пропагандата на медиумските началници на автократската власт, и со денови и месеци, да се трујат со нивните вештачки генерирани опасности, настани, стратегии, протести, теми…

А овие, новите функционери, ќе мораше да издржуваат пристојно на критиката, ќе одеа на дебати дури и кај началничките медиуми и ќе одговараа пред јавноста, како што личи на одговорни јавни функционери, а не како оние од институциите узурпирани од МВРО-ВМРО (како што самата призна Јанкулоска во еден од објавените прислушувани разговори), коишто 10 години крадеа од граѓаните и бегаа од дебата со неистомислениците и политичките противници, од ненарачани прашања, од критички медиуми и новинари… Во пракса ќе го понудев новиот, човечки лик на новата власт. Ќе го доловев животот, во живо.

Ќе одговорев соодветно на циркусот во парламентот. На пример, на дискусиите на Илија Димовски и неговите сопартијци, кои нели, многу сакаат да дебатираат, по 10 години бегање од дебата, наместо со зборови, ќе им одговорев со подарок – ролна тоалетна хартија, за да може на неа Димовски и неговата братија да си ги пишуваат репликите, контра–репликите, процедуралните забелешки, со или без фуснота…

Ех, да „бех“… Но, не „бех“. По сè изгледа, не бев ниту јас, ниту оние 700.000 гласачи кои гласаа за промени. Како да не се случило ништо на 11 декември. Четири месеци гледаме како нашиот суверенитет и волја се газат. Не ме чудат оние кои сакаат да се спасат од криминалот. Ме чудат  оние, на коишто им е делегиран суверенитетот за да ја направат промената, а кои не преземаат ништо значајно и конкретно во тој правец.

Кризата трае, луѓето секој ден се сè повеќе разочарани. Сега, дури и да „победиме“, не знам дали воопшто ќе се радуваме. Имам впечаток дека и овој пат, откако граѓаните неколку години ја трчаа храбро и посветено битката за слобода, некој сака таа победа да им ја украде, да ги испрати на „одмор“, до наредните избори. Оти, по сè изгледа, не чини народот да се „замара“ со политика и со големи работи. Не чини газдите на државата да се занимаваат со нивната сопственост и „бизнис“.
Ех, да „бех“… Но, не „бех“. Затоа што, „има кој да мисли за нас“, или, што би рекле далматинците, „седи ди си, и за ди си – ниси“… Веројатно ќе биде така, до новиот повик за освојување на улиците, кога нашето мнение и ангажман ќе станат повторно „важни“. Секако, ако дотогаш не избегаме од овие убавини, или, ако има некој останат да одговори на „повикот за слобода“.

Tags: „Влада во сенка“„Тиранската платформа“ВелјановскивладаДимовскиЈанкулоскамнозинствоСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ